Error message

Deprecated function: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in menu_set_active_trail() (line 2405 of /home/fffhpcwr/public_html/includes/menu.inc).

Вие сте тука

Зошто страдаат пешаците во Република Македонија?

Како на глобално ниво, така и во Република Македонија, околу 25% од вкупниот број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди се пешаци.  Изразено во апсолутни бројки, во Република Македонија, во просек, годишно од 30 до 35 лица – пешаци го губат животот во сообраќајни незгоди. Во 2016 година, 35 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои 17 се на возраст на 65 години.

Прашањето кое се наметнува е: Зошто страдаат пешаците во Македонија?

Една од првите животни и училишни лекции на секој човек е како безбедно да се премине улицата, но не сите научиле или барем тоа не се покажува во секојдневната пракса. Затоа, РСБСП уште еднаш потсетува на најважните правила кои треба да ги практикуваат пешаците.

 

  1. Улицата се преминува исклучиво на пешачки премин откако претходно ќе се уверите дека возилата кои се движат по коловозот може безбедно да застанат. Важно е да се потенцира дека во сообраќајот не постои апсолутно право на првенство на минување и пешачкиот премин го означува местото каде се поминува улицата, а моментот на преминување зависи од случувањата во сообраќајот.
  2.  На јавен пат каде што има обележани пешачки премини, пешакот е должен при преминувањето на патот да се движи по тие премини, освен ако тие од него не се оддалечени повеќе од 100 метри.
  3. На крстосница каде што има светлосни сообраќајни знаци кои го регулираат пешачкиот сообраќај, пешакот е должен да ја премине улицата само кога свети зеленото светло за пешаци.
  4. Пешакот не смее да се движи или непотребно да се задржува на коловозот, освен во ситуации предвидени со законот. Доколку пешакот се движи по коловозот (во случај каде што нема тротоари или пешачка патека, или е принуден да се движи по коловозот), тој задолжително треба да се движи што поблиску до работ на коловозот и тоа мошне внимателно и на начин на кој не го попречува или не го спречува сообраќајот на возилата. Во таков случај, пешаците треба да користат најмногу еден метар широк дел од коловозот, сметано од работ на коловозот.
  5. На јавен пат каде што има тротоар или друга површина определена за движење на пешаци, односно површина покрај коловозот погодна за движење на пешаци, пешакот е должен да се движи по тие површини.
  6. Пешакот кој се движи по коловозот на јавен пат надвор од населено место е должен да се движи до левиот раб на коловозот во правецот на движењето. По исклучок, пешакот може да се движи до десниот раб на коловозот, само кога таквото движење за него е посигурно (непрегледна кривина, бездна, засек, одрон и слично).
  7. Пешакот кој турка рачна количка, велосипед, велосипед со помошен мотор, мотоцикл, како и лицата кои се движат со помош на подвижни столови за немоќни лица со брзина не поголема од брзината на човечки од, како и организирана колона пешаци, се движат до десниот раб на коловозот во правецот на движењето.

 

Сообраќајните правила и прописи се важни, а исто така важни се и добрите навики и корисните практики кои можеби не се предвидени со законот, а кои може значително да ја подобрат безбедноста на пешаците во сообраќајот. Овде посебно ја истакнуваме потребата за користење на флоуросцентни елечиња и други аксесори кои ја подобруваат видливоста на пешаците, особено во услови на намалена видливост надвор од населени места и во населени места низ кои поминуваат магистрални и регионални патишта, а кои не се доволно осветлени.

Наспроти сите сообраќајни правила и прописи и добри практики голем дел од пешаците се однесуваат крајно неодговорно и на тој начин го загрозуваат сопствениот живот и безбедното одвивање на сообраќајот. Секојдневните примери покажуваат дека пешаците ја поминуваат улица на црвен пешачки семафор, надвор од пешачки премин без да погледнат лево и десно, се движат помеѓу двете коловозни ленти, го пресекуваат текот на сообраќајот кога и каде ним им одговара, непотребно се задржуваат на коловозот, користат мобилни телефони, слушат музика и не го следаат сообраќајот и случувањата во сообраќајот, итн.

Одговорот зошто страдаат пешаците во сообраќајот е поради непочитувањето на правилата и прописите во сообраќајот, ниската сообраќајна култура и лошите навики на однесување во сообраќајот.

Одговорноста на возачите за безбедноста на пешаците во сообраќајот не е ништо помала. За нивните обврски и лоши сообраќајни навики во наредниот прилог.

 

Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

 

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот