Совети

You are here

СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

На 17.11.2023 год. во Охрид, РСБСП и СВР Охрид реализираа активност за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. Годишно, во светот, околу 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. На секои 24 секунди едно лице го губи животот во сообраќајни незгоди. Во 2022 год. во РСМ во сообраќајни незгоди животот го загубија 124 лица, а 3834 лица биле повредени. Во знак на почит и помен на жртвите од сообраќајни незгоди беа засадени дрвја пред СВР - Охрид, а од плоштадот во Охрид беа испратени пораки до сите учесници во сообраќајот, беа положени цвеќиња и беа пуштени балони.Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска потсети дека во светот, дневно, илјадници лица страдаат во сообраќајни незгоди и затоа упати апел за зголемување на безбедноста во сообраќајот, внимателно и одговорно учество во сообраќајот и почитување на правилата и прописите, како и на секој учесник во сообраќајот.
#СтопЗаСмрттаНаПатиштата!
 

Grupet e synuara

  • Automjete
  • Çiklistë
  • Fëmijët në komunikacion
  • Këmbësorë
  • Motoçiklistë
  • Të rinjtë

Propozimet dhe komentet Tuaja

Përmes këtij formulari mund të paraqisni ideja, propozime dhe projekte të dobishme nga të gjitha fushat e sigurisë në komunikacion

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот