Error message

Deprecated function: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in menu_set_active_trail() (line 2405 of /home/fffhpcwr/public_html/includes/menu.inc).
Совети

You are here

Употреба на светла во сообраќајот

Почитување на сообраќајните правила и прописи значи и правилна употреба на светлата во сообраќајот.  Со цел информирање и едукација на учесниците во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во пресрет на зимата и зимското сметање на време ги потсетува учесниците во сообраќајот  кога, зошто и како правилно  да се користат светлата  во сообраќајот.

Имено, според ЗБСП, секој возач треба да знае дека во Република Македонија:   

  • Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Парична казна во износ од 15 евра дење, и 35 евра ноќе ( во денарска противвредност) ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода на возачот кој постапува спротивно на овие одредби од ЗБСП.
  •  На велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и најмалку по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на бочните страни. Парична казна во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на велосипедист кој постапува спротивно на оваа  одредба од ЗБСП.
  • За осветлување на патот, возачот на моторно возило, по правило ги употребува  долгите светла. Возачот на моторно возило е должен наместо долгите светла за осветлување на патот, да ги употребува соборените светла:

-  пред разминувањето со друго возило на оддалеченост од која ќе оцени дека со светлото на своето возило го заслепува возачот на возилото што му доаѓа во пресрет,

- кога возачот на возило со кое се разминува  ќе премине на соборени светла или кога со наизменично палење и гасење на светлата го предупредува дека долгите светла му пречат, а секогаш на оддалеченост помала од 200 m,

- за времето додека на кратко растојание се движи зад друго возило, во таква положба што со долгите светла на своето возило го заслепува возачот на возилото пред себе,

- за времето додека со возилото минува покрај организирана колона на пешаци  

Непочитувањето на наведените одредби од ЗБСП  се санкционира со парична казна во висина  од 45 евра во денарска противвредност  или 25 негативни бода.  

  •  Светлата за означување на моторно возило, задолжително се употребуваат дење и ноќе, во услови на намалена видливост кога возилото е запрено или паркирано на пат и за време додека се запалени кои и да било светла за осветлување на патот или посебни светла за магла.
  •  Во магла, возачот на моторно возило, задолжително треба да ги има запалено соборените светла за осветлување на патот или светлата за магла или двете светла истовремено. Светлата за магла можат да се употребуваат само во услови на магла или во случај на намалена видливост. Светлата за магла што се наоѓаат на предната страна на возилото задолжително треба да бидат во бела или жолта боја, а на задната страна со црвена боја. Непочитување на оваа законска одредба се санкционира со парична казна од 35 евра во денарска противвредност  или 20 негативни бода во возачката книшка.
  • Возилата не смеат на предната страна да имаат светлосни, светлосно-сигнални или рефлектирачки уреди или материи што даваат светло со црвена боја, а на задната страна - уреди или материи што даваат светло со бела боја.
  •  На јавен пат возачот е должен да ги вклучи покажувачите на правци на возилото, а особено:

- ако врши предупредување на други учесници за опасност во сообраќајот,

- во услови на намалена видливост (густа магла, чад и слично),

- ако е последен во колоната на возила запрена на пат надвор од населено место, освен ако колоната запрела заради постапување според сообраќаен знак или правило со кое се регулира сообраќајот и

- ако запре на коловоз освен во случај на паркирање на обележано паркиралиште, односно поради постапување по сообраќаен знак или правилата во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со апел „Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, почитувајте ги правилата за употреба на светлата  во сообраќајот како начин да се заштитите себе си и другите учесници во сообраќајот“.

Grupet e synuara

  • Automjete
  • Çiklistë
  • Fëmijët në komunikacion
  • Këmbësorë
  • Motoçiklistë
  • Të rinjtë

Propozimet dhe komentet Tuaja

Përmes këtij formulari mund të paraqisni ideja, propozime dhe projekte të dobishme nga të gjitha fushat e sigurisë në komunikacion

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот