Вие сте тука

Промоција на прирачник за полагање на стручен испит за работа во автошкола и испитен центар

Праксата и искуствата во земјите членки на Европската Унија и кај нас покажаа дека е неопходно воведување на систем на лиценцирање на одредени професии во системот на безбедност во патниот сообраќај,  со цел стручноста и одговорноста на ангажираниот кадар и воопшто стручноста и квалитетот на работа во автошколите и испитните центри,  да се подигне на едно повисоко ниво.Квалитетот на обуката на кандидатите за возачи и соодветна проверка на нивните знаења и вештини во голема мера влијае на тоа дали возачите во текот на својот живот, помалку или повеќе ќе се однесуваат во согласност со прописите и општо прифатените норми во  сообраќајот и дали безбедно ќе учествуваат во сообраќајот.За квалитетна и високо стручна работа, возачите инструктори, предавачите по теоретски дел и членовите на испитните комисии во испитните центри, треба да поседуваат знаења и информации од повеќе области.  Kонтинуирана и квалитетна едукација на стручниот кадар во автошколите и испитните комисии, континуирано надоградување  на нивните знаења и способности е неопходно со цел да се произведат квалитетни, општествено одговорни и пред се совесни, обучени и безбедни возачи – истакна Гордана Кожуваровска, Претседател на РСБСП на јавниот настан организиран со цел промоција на прирачникот.

Согласно наведеното, односно  согласно обврските кои произлегуваат од  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во наредниот период, возачите инструктори, односно ангажираниот стручен кадар во автошколите и испитните центри  неопходно е да полага стручен испит за добивање на соодветна лиценца за вршење на дејноста.Со цел унапредување и олеснување на целиот процес,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,   изготви „Прирачник  за полагање на стручен испит за работа во автошкола и испитен  центри“.

Прирачникот претставува сублимиран материјал од повеќе области и повеќе стручни трудови,  и е корисен од една страна за едукација и оспособување на возачите инструктори, а од друга страна, истиот може да послужи и како материјал за подготовка за полагање на стручен испит за работа во автошколи и испитни центри.

 

 

 

 

 

 

По повод, промоција на  Прирачникот  за полагање на стручен испит за работа во автошкола и испитен  центар,  РСБСП денес организираше јавен настан  на кој ги информираа заинтересираните лица од испитните центри и од автошколите дека Прирачникот е достапен во печатена и во електронска форма и во наредниот период ќе биде дистрибуиран  до сите испитни центри и до голем број на автошколи,  но нагласија и дека прирачникот е достапен и во електронска форма на веб страната на РСБСП www.rsbsp.org.mk,  така што сите заинтересирани лица имаат слободен пристап за негова употреба.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2020 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media