Вие сте тука

Останете безбедни во сообраќајот и уживајте во празниците

Во пресрет на Новата Година и Божиќ, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за совесно, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот. Единствениот услов за безбеден сообраќај за време на празничните денови е да ги почитувате сообраќајните правила и прописи  и условите на патот и да се прилагодувате  кон нив. Само така ќе бидете сигурни дека безбедно  и на време ќе пристигнете до саканата дестинација.                                                                            

  • Апелираме да бидете смирени и да не се однесувате агресивно во сообраќајот. Агресивното и нервозно учество во сообраќајот нема да ја намали гужвата во сообраќајот.
  • Апелираме на фокусирано учество во сообраќајот.
  • Апелираме да ја прилагодите брзината на движење кон моменталните услови на патот и ситуацијата во која во моментот се наоѓате.
  • Апелираме да држите соодветно растојание меѓу возилата.
  • Апелираме да возите одморени, со претходно испланирано патување и со редовни паузи за време на патувањето.
  • Подгответе го возилото – направете си ги сите потребни подготовки на возилото и осигурајте се дека во него имате ќебе, џебна ламба и комплет за укажување прва помош, односно сите потребни средства потребни во сличај на незгода.
  • Ако патувате со деца во возилото, обезбедете им сигурно патување со тоа што ќе им обезбедите соодветно детско седиште.
  • Проверете го товарот пред да тргнете на пат.
  • Добрите техники на возење и вештините кои ги умеете, употребете ги соодветно за време на патувањето.

Најважниот апел кој Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го упатува кон сите учесници во сообраќајот (возачи, пешаци, велосипедисти, мотоциклисти..) е:

Немојте да учествувате во сообраќајот ако  имате консумирано алкохол!

Без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот, единствен услов да пристигнете безбедно до саканата дестинација е да не консумирате алкохол бидејќи алкхолот е една од водечките  причини за предизвикување на  сообраќајни незгоди со смртни последици.

Статистиката говори дека во 2016 година повеќе од 160 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди.  Да не дозволиме овие празници да се претворат во нечија семејна трагедија. Учествувајте одговорно во сообраќајот.

РСБСП на сите учесници во сообраќајот им посакува безбедни патувања, со најискрени желби за среќна Нова Година и среќен Божиќ.

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот