Вие сте тука

Хуманитарна акција на РСБСП

Како општествено одговорен субјект кој поддржува позитивни општествени и пред се хумани вредности,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Асоцијацијата за едукација, спорт, култура и здравје  „ Едуко Плус“  во рамките на ,,Неделата на детето’’ реализира хуманитарна акција  за децата од ПОУ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје.

Хуманитарната акција се состоеше од обезбедување и донација на дидактички материјал за потребите на училиштето, со што РСБСП и партнерите дадоа свој скромен придонес  кон  унапредување на  можностите на училиштето, за реализација на предвидените наставни и едукативни планови, програми и активности.

РСБСП изразува почит и благодарност кон училиштето и вработените за поддршката и љубовта со која ги извршуваат работните задачи, како и пријатната, топла,  семејна атмосфера која владее во училиштето. Очигледно дека љубовта е поголема од сите препреки. 

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот