Вие сте тука

Гордана Кожуваровска е родена на 11.02.1963 г. во Битола.

 Образование:

Магистер по сообраќајни науки, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Технички факултет – Битола 

         Работно место:

Професор по сообраќајни стручни предмети во Средното општинско училиште „Таки Даскало“ – Битола со 30 годишен стаж (прво вработување 01.09.1989 г.)

         Членство во професионални тела:

  • Претседател на Синдикалната организација на СОУ „Таки Даскало“ – Битола
  • Член во МВР Битола – Совет за превенција на град Битола
  • Член на Сојузот на сообраќајни инженери на Република Северна Македонија

    Специфично искуство:

    Автор на учебници и тоа:

  • „Познавање на стоката во транспортот“ за сообраќајна струка („Просветно дело“, Скопје, 1996 г.)
  • „Складишта“ за сообраќајна струка („Просветно дело“, Скопје, 1997 г.)
  • „Технологија на ракување и складирање на товарот“ за втора година сообраќајна струка (МОН, Скопје, 2010 г.)
  • „Безбедност и регулирање на патниот сообраќај“ за трета година сообраќајна струка (МОН, Скопје, 2010 г.)
  • Коавтор на учебникот:
  • „Транспортно право и осигурување“ за четврта година сообраќајна струка (МОН, Скопје, 2010 г.)
  • „Транспортно право и осигурување“ за четврта година сообраќајна струка (МОН, Скопје, 2017-2018 г.)
  • Автор на научни трудови и учесник на меѓународни научни собири, конференции и симпозиуми во Република Северна  Македонија и во странство
  • Автор на стручни трудови објавувани во „Просветен работник“, „Воспитни крстопати“, „Разгледи“, „Росица“ и др.
  • Ментор на Училишната сообраќајна единица во СОУ „Таки Даскало“ – Битола, од 1992 – тековно
  • избран рецензент од националната комисија од МОН – Педагошка служба, Скопје, 2010 г.

    Награди:

  • награда „Кирил и Методиј“ по повод 24-ти Мај – Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, доделена од Здружението на просветни работници од основно и средно образование – Битола, доделено признание за најдобар и најуспешен просветен работник за учебната 2003 / 2004 г. 
  • диплома и сертификат од 27, 28 и 29-те државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта во Р.С. Македонија
  • сертификат за учество на стручната конференција на тема „Случувањата во воспитно-образовната практика“, СОУ „Таки Даскало“, Битола, 2010 г.
  • сертификати за активно учество на симпозиумите за „Интердисциплинарност на логистиката и сообраќајот“, 2010-2018 г.

Со Одлука на Собранието на Република Северна Македонија за именување на Претседател и членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, бр. 08 - 3109/1 донесена на седницата на  Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27.05.2019 година, објавена во Службен весник на РСМ бр. 107/19 од 28.05.2019 година,  м-р Гордана Кожуваровска е именувана за Претседател  на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2019 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media