Вие сте тука

Активности  на РСБСП за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди

По повод  Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  реализира кампања со цел едукација и подигање на  свеста кај учесниците  во сообраќајот за  последиците од сообраќајните незгоди. За таа цел РСБСП во соработка со МВР и ОСБСП, организира  јавни настани и едукативни акции  во повеќе општини и тоа: 

  • 15 Ноември – Струмица
  • 17 Ноември – Битола
  • 17 Ноември – Куманово
  • 18 Ноември – Штип
  • 19 Ноември – Кавадарци

Во рамките на јавните настани и едукативните акции, пораката која што РСБСП  ја испраќа до учесниците во сообраќајот е:  Сообраќајните незгоди не се случајни,  туку се предизвикани од невнимателно и неодговорно учество во сообраќајот. Сите сме потеенцијални жртви! Возете одговорно!

Активностите на РСБСП во рамките на кампањата за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди продолжуваат и во наредниот период!

 # ВОЗИОДГОВОРНО!

 

 

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2020 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media