Вие сте тука

Младите од Кочани со свој придонес во кампањата за заштита на децата во сообраќајот

"Ротаракт Клуб" од Кочани, во координација со Полициската Станица - Кочани, ОСБП, основните и средните училишта, спроведоа акција за подигање на свеста на учесниците во сообраќајот, со цел внимателно возење и претпазливост на места каде има зголемена фрекфенција на деца. На неколку локации во градот се делеа флаери и учесниците во акцијата имаа пораки до возачите. 

РСБСП истакнува дека ваквите акции даваат голем придонес во зголемувањето на безбедноста на сообраќајот на локално ниво, особено затоа што во нив се вклучени локални организации и лица. Тие со својот авторитет имаат големо влијание, а воедно даваат и личен пример за тоа што може да направат за местото во кое живеат и растат нивните најмили.

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот