Вие сте тука

За поголема безбедност во сообраќајот бесплатен превентивен технички преглед во Мото Америт

РСБСП во соработка со Мото Америт  во текот на месец јули и август реализира акција за бесплатен превентивен технички преглед со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот во летните месеци кога статистички се случуваат најголем број од сообраќајните незгоди во нашата земја. Ова е одлична можност за сите што во овој период се подготвуваат за одмор или подолго патување, пред самото поаѓање да се осигураат во исправноста на своето возило.

„Техничкиот преглед претставува задолжителна проверка на техничка исправност на возилото пред негово вклучување во сообраќај, односно пред регистрација. Во Македонија не сите возачи имаат навика да прават незадолжителни технички прегледи со цел да ја зголемат својата безбедност и безбедноста на лицата што ги превезуваат како и за да бидат сигурни дека возилото е во состојба да ги однесе до посакуваната дестинација. Со оваа акција на сите моторизирани учесници во сообраќајот им овозможуваме бесплатен превентивен технички преглед, без разлика дали се наши членови и клиенти или не се, целиме кон поголема безбедност на патиштата но исто така и кон поттикнување на една добра навика кај возачите за вршење на незадолжителни технички прегледи на возилата.“ – изјави Иван Илиевски од Мото АМЕРИТ.

Мото Америт е нова станица за технички преглед која располага со најсовремена опрема и стручен кадар за вршење на технички преглед и регистрација на автомобили но и на тешки товарни возила. Покрај оваа услуга, во рамки на компанијата се врши издавање на меѓународна возачка дозвола, одобрение за управување со туѓо моторно возило, издавање на пробни таблички, хомологација и атест.

Сите заинтересирани што сакаат да извршат бесплатен превентивен технички преглед на своето возило тоа може да го направат секој работен ден од 08ч до 18ч и сабота од 09ч – 14ч на ул. 1506 во скопската населба Момин Поток. Акцијата трае од 10 јули до 10 август 2017 година.

Оваа акција е продлабочување на соработката помеѓу АМЕРИТ и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата кои минатата година потпишаа Меморандум за соработка со кој двете страни се обврзаа дека ќе соработуваат на полето на унапредувањето и зголемувањето на безбедноста на патиштата, за зголемување на едукацијата на професионалните возачи и за намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2017 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media