Промоција на Национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедност во сообраќајот на патиштата
2009 – 2014 година

На 12 декември 2008 година во хотел Холидеј ин свечено беше промовирана првата Национална стратегија на Република Маке­донија за унапредување на безбедност во сообраќајот на патиштата 2009 – 2014 година.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  соочувајќи се со порастот на незгодите во патниот сообраќај и последи­ците од нив во последните 5 години, покрај учество во донесување и примена на Законот за безбедност на сообра­ќајот на патиштата и на други релевантни законски и подзаконски акти во областа на безбедноста во патниот соо­браќај, ја изработи Национална стратегија на Република Маке­донија за унапредување на безбедност во сообраќајот на патиштата 2009 – 2014 година.
Собранието на Република Македонија на продолжението на Дваесет и осмата седница, одржана на 11 ноември 2008 година го усвои Предлогот на Националната стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата од 2009-2014 година.
На промоцијата се обрати Претседателот на РСБСП, м-р Никола Ангеловски, а во името на Владата на Р.М. говореше Министерот за транспорт и врски, г-дин Миле Јанакиевски. Националната стратегија пред присутните ја презентираше проф. д-р Миле Димитровски, координатор за изработка на стратегијата.
Националната стратегија ја подготви координативното тело на Републичкиот совет за безбедност на соо­бра­ќајот на патиштата со експертските групи поддржано од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство, Министерството за образо­вание и наука, Министерство за економија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Републичкиот завод за здравствена заштита, Јавното претпријатие  „Македонија пат”, Агенцијата за патишта, Авто-мото сојузот на Македо­нија, невла­дините организации и од други релевантни институции и организации.
Национална стратегија  претставува прва стратегија за унапредување на безбедноста на соо­бра­ќајот на патиштата во Република Ма­ке­дони­ја и има цел, предвидувајќи ги долгорочните потреби на државава за преземање плански мерки и активности во областа на безбедноста во сообраќајот на патиштата, да ги реши проблемите во овој сегмент и да гаран­тира дека визијата, идеите и вредностите што се предвидени со неа ќе бидат реализи­рани, преку намалување на бројот на загинати и минимизирање на бројот на деца-жртви во сообраќајот.
Националната стратегија е од суштинско значење за поната­мошните мерки и активности во трите столба (пат - возило - возач) и предвидува применливи алатки за  унапредување на  без­бед­носта на патиштата.
Главните подрачја за дејствување набележани за реализација на Националната стратегија следејќи ги плановите и актите на Европската Унија, предвидува во Република Македонија  да го намали бројот на жртви од сообраќајот со смртни последици за 50% и бројот на загинати деца - жртви, учесници во сообраќајот да изнесува 0 (нула), а ќе се реализираат преку следните актив­ности на дејствување во:

  1. Патот и патната инфраструктура;
  2. Техничката исправност на возилата;
  3. Контролата и регулирање на патниот сообраќај;
  4. Превентива и намалување на сообраќајните прекршоци;
  5. Јакнење на свеста на граѓаните за потребата од сообраќајна едукација;
  6. Намалување на сообраќајната деликвенција во патниот сообраќај во РМ;
  7. Воведување безбедни и екотехнологии (green);
  8. Континуирана едукација и професионален тренинг.

 

 
  Презентација на стратегијата - Македонски (PPS)  
 

 
  Презентација на стратегијата - Англиски (PPS)  
 

 
  Fifth meeting, Subcommittee on Transport, Environment, Energy and Regional Development, 21-22.02.2009, Skopje (PPS)  
 

 
  Case study - Good practice, 1.Workshop, Tirana, January 2009 (PPS)  
 

 

»Повеќе

АКТУЕЛНО

»Повеќе

»Повеќе

»Повеќе

3 Декември Извештај од одржан стручен собир “ПРИОРИТЕТНИ АКТИВНОСТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

»Повеќе

15 Ноември СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

»Повеќе

Одржан стручен собир “Средства и методи за наменско смирување на сообраќајот“

»Повеќе

Обединети нации и безбедноста на сообраќајот на патиштата, Септември 2009

»Повеќе

„Размена на иску- ства од работата на авто-школите во Р.М.” 11.03.2009, х. Белви, Скопје

»Повеќе

Одржано стручно советување на тема
“Шумски патишта - експлоатација, трансформација и еколошки аспекти“ , 18.02.2009, Скопје

»Повеќе

Одржана тркалезна маса на тема:
„Размена на иску- ства за работата на испитните центри во Р.М.”, 11.02.2009, Скопје

»Повеќе

Државeн квиз нат- превар: „Колку го познаваш сообраќа- јот“ – Кичево 2009

»Повеќе

Fifth meeting, Subco- mmittee on Trans- port, Environment, Energy and Regional Development, 21-22.02.2009, Skopje

»Повеќе

Case study - Good practice, 1.Workshop, Tirana, January 2009

»Повеќе

„Безбедно на мотор“ - Видео

»Повеќе

Одржана работилни- ца со претставници на медиумите за безбедноста на соо- браќајот на пати- штата

01/12/'08– »Повеќе

Одржано стручно советување на тема „Безбедност на пат- ниот сообраќај од аспект на плани- рање, проектирање и градба на пати- штата

13/11/'08– »Повеќе

На 12.10.2008 год. во Скопје се одржа третата Скутеријада

»Повеќе

ИЗВЕШТАЈ за
работата на РСБСП за првото полугодие од 2008 година

»Повеќе

Македонски ученици на подготовки за европски натпревар по безбедност (написи во дневните весници)

»Повеќе

PRESS CLIPPING - Државни натпревари и Запрежни коли

»Повеќе

Презентација - Национална програ- ма за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

»Повеќе

Совет на РСБСП во хотел „Фламинго“ - Гевгелија, 25.06.2008 година

»Повеќе

»Повеќе

Јубилеен 40-ти натпревар од обла- ста на сообраќајот “Детски семафор” и “Сообраќајно – тех- ничка култура кај младите”, Гевгелија 21-24 Мај 2008 год.

»Повеќе

31-st World Congress, Istanbul, 15-16 May 2008 Road Transport, Driving Peace and Prosperity

»Повеќе

Засилена кампања за поголема безбед- ност на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите во Мај и Октомври 2008 година

»Повеќе

Стручно советување: „Одржување на патиштата од аспект на безбедноста на сообраќајот“

»09/04/08– »Повеќе

Проектот “Колозов”, изведба на таетарски претстави за учениците од 1-во, 2-ро, 3-то и 4-то одделение

»Повеќе

Стручно советување и посета на делега- ција од Р.Словенија на РСБСП

»28/03/08– »Повеќе

Извештај „CESTE-2008“ Пореч, Република Хрватска

»Повеќе

БИЛТЕН - Државен квиз натпревар „Колку го познаваш сообраќајот“ одржан во Крушево од 1-3 Февруари 2008 година

»Повеќе

Извештај од одржа- ното стручно совету- вање во Клуб на пратеници на 18/12/'07

»21/12/07– »Повеќе