Одржано стручно советување на тема
“Шумски патишта - експлоатација, трансформација и еколошки аспекти“

 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Ј.П. Македонски шуми на 18 февруари 2009 година организираше стручно советување на тема „Шумски патишта - експлоатација,  трансформација и еколошки аспекти”.
На советувањето со свои трудови учествуваа претставници на Ј.П. Македонски шуми, професори од Шумарскиот факултет, претставници од Агенцијата за патишта и од друштвото за патишта на Р.М.
На овој начин беа презентирани податоци и факти за шумските патишта во Републикава од повеќе аспекти, нивната состојба, искористенот, начина на изградба на шумските патишта, но и нивното одршжување и одржливост откако ќе им заврши примарната функција за транспорт на шумска граѓа од местото на сеча до производствениот погон. Исто така беа презентирани и еколошките аспекти на постоењето на шумските патишта, како и многу важната улога на овие патишта при санирањето на шумските пожари и поврзувањето на населените места во тие региони.
На советувањето беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои и :
- Некатегори­зи­раните наменски патишта според своите конструктивни елементи, соо­бра­Ќајно – тех­нички и експлоатациони карактери­стики, состојба, опреме­ност, карактеристики и структура на сообраЌајот од аспект на безбедност на сообраќајот се со неповолности и ризици. Особено алергични се местата на приклучување со мрежата на јавните патишта. За таквите патишта потребно е да се води посебна грижа и да се изработи посебна законска и техничка регулатива и технички услови за нивно просторно планирање, проектирање, градење и одржување.
- Од суштинско значење  е да се воспо­стави континуитет во следењето (аудит) и откривањето на еле­мен­­тите на шумскиот пат, кои со конструктивните и изведени елемен­ти, создаваат или сами посебе ги содржат елементите од суштинско влија­ние за случување на сообра­ќајни незгоди со тешки последици и да се врши нивно континуирано санирање со корегирање на погрешните конструк­тивни и изведени елементи. Исто така  важно е да се пронајдат и да се вградат законски  одредби со кои ќе се условува преминот на шумскиот во јавен пат, да не се дозволи се додека не се изврши:  а. целосно изготвување на проектна документација за патот од овластени инже­нери проектанти,  б. ревизија на проектот од овластени градежни и сообраќајни инженери (реви­ден­ти) и  в. добивање писмена согласност од соодветна стручна служба на Министерството за внатрешни работи.
Советувањето беше поздравено од сите учесници, пред сe поради фактот дека шумските патишта како проблематика и многу важен сегмент на сообраќајот за прв пат се третираат од повеќе аспекти на еден заеднички собир што овозможува подобро запознавање со сите моментални позитивни и негативни искуства и состојби и можност за изнаоѓање на решенија на истите.

 

 

 

 

 
  ЗАКЛУЧОЦИ од Советување за безбедност на сообраќајот на патиштата, „ШУМСКИ ПАТИШТА - ЕКСПЛОАТАЦИЈА, ТРАНСФОРМАЦИЈА И ЕКОЛОШКИ АСПЕКТИ”  
 

 
 

ПРЕЗЕНТАЦИИ:

» „ПРОЕКТИРАЊЕТО, ГРАДБАТА И ОДРЖУВАЊЕТО, УСЛОВ ЗА БЕЗБЕДНИ ШУМСКИ ПАТИШТА“ - Д-р Вулнет Палоши, дипл.град.инж. ; М-р Горан Мијоски, дипл.град.инж.

» „Шумските патишта и нивното влијание врз животната средина“ - Д-р Зоран Шапуриќ

» „Актуелни проблеми поврзани со експлоатацијата на шумската инфраструктура во Република Македонија и можности за надминување на состојбата“ - Д-р Здравко Трајанов

» „ЗНАЧЕЊЕ НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ШУМАРСТВОТО“ - м-р Слободанчо Климоски

» СОСТОЈБА НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА во ЈП „Македонски шуми“ - Стојан Иванов

» „НЕКАТЕГОРИЗИРАНИТЕ ПАТИШТА И БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ“ - Проф. Павле Стоименов, Асист.м-р Слободан Огњеновиќ

» СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА НА ШУМСКИ ПАТ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА НЕСООДВЕТНО ПЛАНИРАЊЕ, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАДБА (Пример 1) - Стефан Калајџиски, Слободан Димитровски, Душко Митревски и Ѓорѓи Ташевски

» СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА НА ШУМСКИ ПАТ ПРЕДИЗВИКАНА ОД НЕСООДВЕТНО ПРОЕКТИРАЊЕ, ГРАДБА И ВЛИЈАНИЕТО НА АТМОСФЕРСКИТЕ ВРНЕЖИ (Пример 2) - Стефан Калајџиски, Слободан Димитровски, Душко Митревски и Ѓорѓи Ташевски

» ШУМСКИОТ - ЦАРСКИ ПАТ (историски видување за шумските патишта) - Душко Трајков Митревски

» Статистички податоци од сообраќајни несреки - Мурговски

 
 

 

»Повеќе

АКТУЕЛНО

»Повеќе

»Повеќе

»Повеќе

3 Декември Извештај од одржан стручен собир “ПРИОРИТЕТНИ АКТИВНОСТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

»Повеќе

15 Ноември СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

»Повеќе

Одржан стручен собир “Средства и методи за наменско смирување на сообраќајот“

»Повеќе

Обединети нации и безбедноста на сообраќајот на патиштата, Септември 2009

»Повеќе

„Размена на иску- ства од работата на авто-школите во Р.М.” 11.03.2009, х. Белви, Скопје

»Повеќе

Одржано стручно советување на тема
“Шумски патишта - експлоатација, трансформација и еколошки аспекти“ , 18.02.2009, Скопје

»Повеќе

Одржана тркалезна маса на тема:
„Размена на иску- ства за работата на испитните центри во Р.М.”, 11.02.2009, Скопје

»Повеќе

Државeн квиз нат- превар: „Колку го познаваш сообраќа- јот“ – Кичево 2009

»Повеќе

Fifth meeting, Subco- mmittee on Trans- port, Environment, Energy and Regional Development, 21-22.02.2009, Skopje

»Повеќе

Case study - Good practice, 1.Workshop, Tirana, January 2009

»Повеќе

„Безбедно на мотор“ - Видео

»Повеќе

Одржана работилни- ца со претставници на медиумите за безбедноста на соо- браќајот на пати- штата

01/12/'08– »Повеќе

Одржано стручно советување на тема „Безбедност на пат- ниот сообраќај од аспект на плани- рање, проектирање и градба на пати- штата

13/11/'08– »Повеќе

На 12.10.2008 год. во Скопје се одржа третата Скутеријада

»Повеќе

ИЗВЕШТАЈ за
работата на РСБСП за првото полугодие од 2008 година

»Повеќе

Македонски ученици на подготовки за европски натпревар по безбедност (написи во дневните весници)

»Повеќе

PRESS CLIPPING - Државни натпревари и Запрежни коли

»Повеќе

Презентација - Национална програ- ма за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

»Повеќе

Совет на РСБСП во хотел „Фламинго“ - Гевгелија, 25.06.2008 година

»Повеќе

»Повеќе

Јубилеен 40-ти натпревар од обла- ста на сообраќајот “Детски семафор” и “Сообраќајно – тех- ничка култура кај младите”, Гевгелија 21-24 Мај 2008 год.

»Повеќе

31-st World Congress, Istanbul, 15-16 May 2008 Road Transport, Driving Peace and Prosperity

»Повеќе

Засилена кампања за поголема безбед- ност на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите во Мај и Октомври 2008 година

»Повеќе

Стручно советување: „Одржување на патиштата од аспект на безбедноста на сообраќајот“

»09/04/08– »Повеќе

Проектот “Колозов”, изведба на таетарски претстави за учениците од 1-во, 2-ро, 3-то и 4-то одделение

»Повеќе

Стручно советување и посета на делега- ција од Р.Словенија на РСБСП

»28/03/08– »Повеќе

Извештај „CESTE-2008“ Пореч, Република Хрватска

»Повеќе

БИЛТЕН - Државен квиз натпревар „Колку го познаваш сообраќајот“ одржан во Крушево од 1-3 Февруари 2008 година

»Повеќе

Извештај од одржа- ното стручно совету- вање во Клуб на пратеници на 18/12/'07

»21/12/07– »Повеќе