Одржана тркалезна маса на тема:
„Размена на искуства за работата на испитните центри во Р.М.”

 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштатаz на 11 февруари 2009 година во Дом на АРМ одржа тркалезна маса насловена како „Размена на искуства за работата на испитните центри во Р.М.”.
На тркалезната маса присуствуваа претставници од осумте Испитни центри во Македонија, како и претставници на Одделението за сообраќај од МВР и од соодветните СВР по градови. На тркалезната маса беа презентирани досегашните искуства на испитните центри за нивното работење со оглед на фактот дека овој начин на организација на испитите за возачка дозвола е релативно нов во нашата држава. Претставниците на испитните центри ги презентираа позитивните резултати од досегашната работа, но посочија и на некои мали проблеми кои произлегоа од практичното работење на центрите. На крај на тркалезната маса беа подготвени заклучоци кои ќе бидат презентирани пред надлежните институции заради имплементирање во измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои се во тек, како и во соодветните дополнителни акти кои ја уредуваат оваа проблематика.
Дел од заклучоците предлагаат:
- Од досегашната работа на центрите е очигледно дека бројот на кандидатите кои полагале возачки испит не е во таков обем во однос на минимумот на бројот на испитни Комисии пред­видени во испитните центри и дека тие немаат ни 50% од нормалното оптоварување. Заради овие причини собирот заклучи дека е потребно минималниот број на испитни комисии предви­дени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата да се промени.
- Постојното законско решение за избор на кадри за Претседатели на Испитни комисии и за Испитувачи за теоретскиот дел, ограничува изборот на кадри да биде само од дел од техничките струки и тоа: технички факултет – сообраќајна насока, полициска академија, правен или педа­гошки факултет. Факт е дека образовните процеси во република Македонија се развиваат и дека репертоарот на кадри  подобни за Претседатели на комисии и за Испитувачи може да биде проширен и на други факултети и студиуми.
- За членовите на Испитните комисии треба да се воведе поседување на Овластување (лиценца) за член на испитната комисија.
- Да се воведе што поскоро (веднаш) електронското полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит.
По оваа тркалезна маса, РСБСП планира и одржување на тркалезна маса со претставници на авто школите во Македонија на кое ќе бидат презентирани и нивните искуства од ваквиот начин на работа. На тој начин ќе се добие целосна слика за позитивните и негативните аспекти на ваквото решение за полагање на испити за сите категории на возачки дозволи и можност за подобрување и корегирање на начинот на работа на испитните центри.

 

 
  ЗАКЛУЧОЦИ од собирот за размена на искуства од работата на Испитните центри во Република Македонија во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  
 

 
 

ПРЕЗЕНТАЦИИ:

» Авто Мото Старт - Тетово
» АМД Кичево - Испитува
» АМСМ - Испитни центри: Скопје, Битола, Велес
» Асструмекс - Струмица

 
 

 

»Повеќе

АКТУЕЛНО

»Повеќе

»Повеќе

»Повеќе

3 Декември Извештај од одржан стручен собир “ПРИОРИТЕТНИ АКТИВНОСТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

»Повеќе

15 Ноември СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

»Повеќе

Одржан стручен собир “Средства и методи за наменско смирување на сообраќајот“

»Повеќе

Обединети нации и безбедноста на сообраќајот на патиштата, Септември 2009

»Повеќе

„Размена на иску- ства од работата на авто-школите во Р.М.” 11.03.2009, х. Белви, Скопје

»Повеќе

Одржано стручно советување на тема
“Шумски патишта - експлоатација, трансформација и еколошки аспекти“ , 18.02.2009, Скопје

»Повеќе

Одржана тркалезна маса на тема:
„Размена на иску- ства за работата на испитните центри во Р.М.”, 11.02.2009, Скопје

»Повеќе

Државeн квиз нат- превар: „Колку го познаваш сообраќа- јот“ – Кичево 2009

»Повеќе

Fifth meeting, Subco- mmittee on Trans- port, Environment, Energy and Regional Development, 21-22.02.2009, Skopje

»Повеќе

Case study - Good practice, 1.Workshop, Tirana, January 2009

»Повеќе

„Безбедно на мотор“ - Видео

»Повеќе

Одржана работилни- ца со претставници на медиумите за безбедноста на соо- браќајот на пати- штата

01/12/'08– »Повеќе

Одржано стручно советување на тема „Безбедност на пат- ниот сообраќај од аспект на плани- рање, проектирање и градба на пати- штата

13/11/'08– »Повеќе

На 12.10.2008 год. во Скопје се одржа третата Скутеријада

»Повеќе

ИЗВЕШТАЈ за
работата на РСБСП за првото полугодие од 2008 година

»Повеќе

Македонски ученици на подготовки за европски натпревар по безбедност (написи во дневните весници)

»Повеќе

PRESS CLIPPING - Државни натпревари и Запрежни коли

»Повеќе

Презентација - Национална програ- ма за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

»Повеќе

Совет на РСБСП во хотел „Фламинго“ - Гевгелија, 25.06.2008 година

»Повеќе

»Повеќе

Јубилеен 40-ти натпревар од обла- ста на сообраќајот “Детски семафор” и “Сообраќајно – тех- ничка култура кај младите”, Гевгелија 21-24 Мај 2008 год.

»Повеќе

31-st World Congress, Istanbul, 15-16 May 2008 Road Transport, Driving Peace and Prosperity

»Повеќе

Засилена кампања за поголема безбед- ност на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите во Мај и Октомври 2008 година

»Повеќе

Стручно советување: „Одржување на патиштата од аспект на безбедноста на сообраќајот“

»09/04/08– »Повеќе

Проектот “Колозов”, изведба на таетарски претстави за учениците од 1-во, 2-ро, 3-то и 4-то одделение

»Повеќе

Стручно советување и посета на делега- ција од Р.Словенија на РСБСП

»28/03/08– »Повеќе

Извештај „CESTE-2008“ Пореч, Република Хрватска

»Повеќе

БИЛТЕН - Државен квиз натпревар „Колку го познаваш сообраќајот“ одржан во Крушево од 1-3 Февруари 2008 година

»Повеќе

Извештај од одржа- ното стручно совету- вање во Клуб на пратеници на 18/12/'07

»21/12/07– »Повеќе