СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

 
 

Во пресрет на Декадата за акција за безбедност на патиштата на Обединетите нации која ќе се одвива во периодот од 2011 до 2020, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) оваа година по втор пат во Македонија го одбележa Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.
Генералното Собрание на Обединетите Нации на 26ти октомври 2005 година прогласи Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, кој се одбележува во третата недела во ноември  и ги повика сите земји членки и интернационални заедници да го прифатат и да го одбележуваат овој ден.
Годишно 1.3 милиони луѓе гинат и најмалку 50 милиони се повредени во сообраќајните незгоди. Секоја година 260 000 деца гинат на патиштата, а повеќе од еден милион учесници се сериозно повредени, често со траен инвалидитет.
Во одбележување на денот, покрај Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата се вклучија и Министертвото за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за образование, Министерство за здравство, Институт за јавно здравје (ИЈЗ), Светска Здравствена организација (СЗО), Црвен крст на Македонија, Дирекција за заштита и спасување, Националното биро за осигурување, Сојуз на телесно инвалидизирани лица на Македонија, АМСМ и други.
На 18 Ноември 2010, четврток, во 11:00 часот во просториите на РСБСП се одржа заедничка прес конференција со сите партнери на која беше презентирана активностите за одбележување на денот. РСБСП го промовираше и телевизискиот документарен филм наменет за возачите и целата јавност за подигање на јавната свест за поголема безбедност на патиштата и намалување на сообраќајните незгоди и последиците од нив. Документарниот филм е исповед на лице инвалидизирано како последица на сообраќајна незгода и беше подготвен во соработка со Сојузот на телесно инвалидизирани лица на Македонија. Документарниот филм беше поделен на новинарите од електронските медиуми националните телевизии и за да го емитуваат на нивните телевизии. Истиот е доставен и до локалните телевизии заради негово емитување.
РСБСП објави и печатени објави во дневните весници  со информација за одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, податоци од Македонија и од Светот за бројот на жртви на сообраќајни незгоди и покана до граѓаните да излезат и да го одбележат овој ден.
И оваа година РСБСП испрати писмо до Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи заради информирање на сите поголеми верски заедници во Македонија, односно Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија, Исламска верска заедница на Македонија, Католичка Црква во Македонија, Евангелско-Методистичка Црква во Македонија и Еврејска заедница во Македонија и други, да се приклучат во одбележувањето на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди со пригодни служби за жртвите од сообраќајни незгоди во своите храмови.

image

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(фото: на улица Македонија беа поставени 160 пара чевли кои ги симболизираа 160 загинати лица во сообраќајни незгоди во 2009 година)

 

Главниот настан се одржа на 21 ноември 2010, недела од 12:00 до 13:30  часот на улица Македонија во Скопје кадешто сите вклучени партнери со различни активности го одбележаа овој ден.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на ограден простор постави 160 пара чевли кои ги симболизираа 160 лица загинати во сообраќајни незгоди во РМ во 2009 година. За таа цел од четири скопски основни училишта (ОУ „Кочо Рацин, ОУ„К.Ј.Питу“, ОУ„11 Октомври“, ОУ„Св.Кирил и Методиј“) се вклучија 160 деца од вишите одделенија кои обезбедатија по еден пар стари чевли. Чевлите што ги обезбедија децата по завршувањето на манифестацијата беа донирани во Црвениот крст на Република Македонија.
Сите учесници во одбележувањето добија маици и беџеви со слоганот на настанот. Исто така беше поставен и банер за настанот со исписот 21 Ноември Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, да ги намалиме жртвите за -50% и со логоата на сите партнери учесници.
РСБСП подготви и плакати кои беа дистрибуирани низ градот и леток кој се делеше на поставениот штанд како и други информативни и едукативни материјали за безбедност на сообраќајот на патиштата.
(фото: Министерката за внатрешни работи, г-ѓа Гордана Јанкуловска и Претседателот на РСБСП, м-р Никола Ангеловски ги посетија штандовите на сите вклучени институции и организации)
На настанот присуствуваа и Претседателот на РСБСП, м-р Никола Ангеловски и Министерката за внатрешни работи, г-ѓа Гордана Јанкуловска кои откако ги послетија штандовите на сите вклучени партнери дадоа изјави за медиумите за важноста на овој ден и апелираа за посовесно однесување во сообраќајот заради намалување на бројот на жртви.
Министерството за внатрешни работи се приклучи во одбележувањето со поставување на штанд на кој беа изложени дел од материјално-техничките средства и опрема за превентивно и репресивно делување за намалување на бројот на сообраќајните незгоди, односно: патничко моторно возило опремено за мерење на пречекорување на дозволената брзина во движење, мотоцикл и кацига, ласерски радар, апарат за алко-тест, симулатор за вршење на обука за контрола на дигитални тахографи, два контролни клуча за индицирање на прекршоци поврзани со користење на дигитален тахограф.
Покрај штандот беа ангажирани и стручни лица вработени во областа на сообраќајот кои ги запознаваа граѓаните со намената на изложените возила, средства и опрема.

 

image

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

фото: Министерката за внатрешни работи, г-ѓа Гордана Јанкуловска и Претседателот на РСБСП, м-р Никола Ангеловски дадоа кратки изјави за медиумите за важноста на одбележувањето на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди како начин на подигање на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот)

 

Црвениот крст на Македонија во одбележувањето на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди се вклучи со организирање на крводарителна акција во просториите на Дом на АРМ во периодот од 11:00 до 14:00 часот, на акцијата се одзваа 12 крводарители мегу кои и  помошникот на директорот на БЈБ за сообраќајни работи г-дин Ајет Незири, секретарот на РСБСП Љупчо Ставрески и портпаролот на РСБСП Тоше Јанев. Исто така претставници на Црвениот крст на Македонија извршија презентација на нивните активности и делње на информативни и едукативни материјали на присутните граѓани.  Презентираа реалистично прикажување на повреди и демонстрација на укажување на прва помош, Црвениот крст на Македонија во соработка со РСБСП и Министерството за образование и наука во училиштата низ Македонија организираа едукативни предавања за укажување на прва помош и почитување на правилата за безбедност во сообраќајот.

АМСМ беше застапен со свој штанд на улица Македонија на беа дистибуирани летоци за важноста на квалитетниот технички преглед за намалување на бројот на сообракајни незгоди и жртвите во нив.
Националното биро за осигурување подготви штанд на кој беа презентирани видео материјали и летоци со податоци и совети за корисниците на моторни возила.  
Институт за јавно здравје, Светска здравствена организација и Министерството за здравство поставија заеднички штанд со промотивни материјали и банер.
Дирекција за заштита и спасување постави штанд со промотивни материјали. На настанот покрај тимот од Дирекцијата кој изврши презентација на Улогата  и задачите на Дирекцијата во масовни сообраќајни несреки, учествуваше и директорот на дирекцијата г-дин Шабан Салиу.
Одбележувањето го поддржаа и Министерството за образование и наука и Министерството за транспорт и врски.

 

 
 


 

»Повеќе

АКТУЕЛНО

»Повеќе

»Повеќе

»Повеќе

3 Декември Извештај од одржан стручен собир “ПРИОРИТЕТНИ АКТИВНОСТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

»Повеќе

15 Ноември СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

»Повеќе

Одржан стручен собир “Средства и методи за наменско смирување на сообраќајот“

»Повеќе

Обединети нации и безбедноста на сообраќајот на патиштата, Септември 2009

»Повеќе

„Размена на иску- ства од работата на авто-школите во Р.М.” 11.03.2009, х. Белви, Скопје

»Повеќе

Одржано стручно советување на тема
“Шумски патишта - експлоатација, трансформација и еколошки аспекти“ , 18.02.2009, Скопје

»Повеќе

Одржана тркалезна маса на тема:
„Размена на иску- ства за работата на испитните центри во Р.М.”, 11.02.2009, Скопје

»Повеќе

Државeн квиз нат- превар: „Колку го познаваш сообраќа- јот“ – Кичево 2009

»Повеќе

Fifth meeting, Subco- mmittee on Trans- port, Environment, Energy and Regional Development, 21-22.02.2009, Skopje

»Повеќе

Case study - Good practice, 1.Workshop, Tirana, January 2009

»Повеќе

„Безбедно на мотор“ - Видео

»Повеќе

Одржана работилни- ца со претставници на медиумите за безбедноста на соо- браќајот на пати- штата

01/12/'08– »Повеќе

Одржано стручно советување на тема „Безбедност на пат- ниот сообраќај од аспект на плани- рање, проектирање и градба на пати- штата

13/11/'08– »Повеќе

На 12.10.2008 год. во Скопје се одржа третата Скутеријада

»Повеќе

ИЗВЕШТАЈ за
работата на РСБСП за првото полугодие од 2008 година

»Повеќе

Македонски ученици на подготовки за европски натпревар по безбедност (написи во дневните весници)

»Повеќе

PRESS CLIPPING - Државни натпревари и Запрежни коли

»Повеќе

Презентација - Национална програ- ма за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

»Повеќе

Совет на РСБСП во хотел „Фламинго“ - Гевгелија, 25.06.2008 година

»Повеќе

»Повеќе

Јубилеен 40-ти натпревар од обла- ста на сообраќајот “Детски семафор” и “Сообраќајно – тех- ничка култура кај младите”, Гевгелија 21-24 Мај 2008 год.

»Повеќе

31-st World Congress, Istanbul, 15-16 May 2008 Road Transport, Driving Peace and Prosperity

»Повеќе

Засилена кампања за поголема безбед- ност на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите во Мај и Октомври 2008 година

»Повеќе

Стручно советување: „Одржување на патиштата од аспект на безбедноста на сообраќајот“

»09/04/08– »Повеќе

Проектот “Колозов”, изведба на таетарски претстави за учениците од 1-во, 2-ро, 3-то и 4-то одделение

»Повеќе

Стручно советување и посета на делега- ција од Р.Словенија на РСБСП

»28/03/08– »Повеќе

Извештај „CESTE-2008“ Пореч, Република Хрватска

»Повеќе

БИЛТЕН - Државен квиз натпревар „Колку го познаваш сообраќајот“ одржан во Крушево од 1-3 Февруари 2008 година

»Повеќе

Извештај од одржа- ното стручно совету- вање во Клуб на пратеници на 18/12/'07

»21/12/07– »Повеќе