Македонски ученици на подготовки за европски натпревар по безбедност во Љубљана, Словенија


 
 

СООБРАЌАЈНИТЕ ВЕШТИНИ НА МЕГДАН ВО СЛОВЕНИЈА

» напис во весникот „Вечер“

 

Шест ученици на возраст од 10 до 12 години од Македонија, кои победија на државниот натпревар во манифестацијата "Детски семафор", деновиве во Охридското детско одмаралиште Радости, ги започнаа подготовките за европски натпревар по безбедност, кој годинава ќе се одржи од 26 до 29 септември во Љубљана, Република Словенија. Во конкуренција на ученици од околу 25 земји од цела Европа, нашите претставници ќе ја покажат вештината во возење на велосипед и знаењето на сообраќајните знаци и прописи.

- Осум години наназад Македонија учествува на Европските образовни натпревари по сообраќај во организација на меѓународната асоцијација ФИА. Учеството, пред се, има за цел едукација и превенција на учениците со оглед дека најголем дел од настраданите во сообраќајните незгоди се токму децата на оваа возраст, а од еден милион настрадани деца во светот, дури половина се со смртни последици. Оттаму е и големото значење за афирмација и помасовно учество на натпреварите по сообраќај, што ги одржуваме помеѓу учениците од цела Македонија, вели Гоце Давидовскиод АМСМ, тренер и водач на екипата.

Организатор на натпреварите по безбедност во сообраќајот во Македонија, како и главните спонзори на македонската екипа која ќе замине за Словенија, се Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и АМСМ. Инаку, македонската екипа имаше голем успех на натпреварите кои се одржаа 2003 година каде го освои првото место. Годинава нашата држава ќе ја претставуваат учениците Иван Тренчевски, Борис Данев, Елиса Скоко, Драгана Поповска, а резерва се Оливер Стојанчевски и Анастасија Спасова, кои со голем ентузијазам учествуваат во десетдневните подготовки во Охрид, каде што дојдоа од своите матични училишта.
- Сметаме дека сме веќе подготвени и дека ќе земеме едно од првите три места, потврдува и дванаесетгодишниот Борис Данев.

 
 

 
 

ПОБЕДНИЦИТЕ НА „ДЕТСКИ СЕМАФОР“ НА ПОДГОТОВКИ ВО ОХРИД

» напис во весникот „Дневник“

 

Четиричлена екипа од Македонија ќе учествува на 23. европски детски образовен натпревар кој ќе се одржи идната недела во Љубљана,Словенија, во организација наМеѓународната асоцијација за сообраќај - ФИА. Дванаесетгодишните Иван Тренчевски, Борис Данев, Елиса Скоко и Драгана Поповска веќе неколку дена се подготвуваат за натпреварот во детското одморалиште „Радости“ во Охрид, под надзор на тренер и ментори. Тие вежбаат вешто возење велосипед на импровизираниот полигон во кругот на одморалиштето, совладуваат пречки со кои би можеле да се соочат во сообраќајот и ги учат сообраќајните правила и прописи. Опремени се со сета неопходна велосипедска опрема: заштитен шлем, патики, тренерки и се' што налагаат пропозициите на овој европски натпревар.

- Денот на децата им почнува со возење велосипед во траење од два часа. Потоа минуваме во отворена училница и според програмата одредена од менторите се совладуваат сообраќајните правила и прописи. Можам слободно да кажам дека тие веќе се подготвени. Меѓутоа, ова овде за нив е еден вид надградба. Овие деца треба да се судрат со знаења на своите врсници од други земји со поразвиен сообраќај - вели тренерот Гоце Давидовски.Во попладневните часови, децата повторно тренираат, а имаат и слободни активности. Читаат, но и цртаат бидејќи на натпреварот се врши избор на најдобар цртеж на тема од областа на сообраќајот. Во подготвителната програма е предвидено време за на плажа, но и за прошетки во градот.

- Овде времето ни тече со вежбање, одиме на плажа, а имаме и организирани прошетки низ градот. Се надевам на едно од првите три места - вели Борис Данев, еден членовите на тимот.Децата се задоволни од текот на подготовките и сметаат дека се подготвени за натпреварот.Овде времето ни поминува во работа, но има и многу дружење. Сметам дека сме подготвени за претстојниот натпревар - вели Елиса Скоко.Според тренерот Давидовски, овие натпревари имаат едукативна цел и секое учество и постигнување на резултат треба да се популаризира. Со омасовувањето на натпреварувањето, децата ќе се запознаат со сообраќајните правила и прописи, како најзагрозена категорија учесници во сообраќајот.Целта на овие манифестации е учениците да стекнат познавање на сообраќајните правила и прописи и да ја совладаат техниката возење велосипед. Така ќе стекнат поголема сигурност за побезбедно учество во сообраќај - вели менторот Хамид Омеровиќ.

Македонија поактивно се вклучува во 2001 година во Одделот за превенција на децата во сообраќајот на ФИА со учество на наша екипа на натпреварот во Загреб, Хрватска. Во 2003 година во Лисабон, Португалија, нашата екипа го освојува првото место.Право на учество на овој натпревар имаат децата од 10 до 12 години. Тој се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел го сочинуваат тестови, на кои децата ќе го покажат своето познавање на сообраќајните правила и прописи. Во практичниот дел, вештото возење велосипед се изведува на симулирани ситуации, на полигони. Се работи на практично совладување ситуации со кои децата може да се соочат при возење велосипед во сообраќајот. Тоа се премини преку железничка пруга, совладување ударни дупки, нерамни коловози, движење на коловозот, познавање и примена на сообраќајните знаци, особено оние што се однесуваат на регулирање крстосници како најризични места.Учеството на нашиот тим на овој натпревар е помогнато од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Република Македонија и од Авто-мотосојузот на Македонија.Селектирањето и изборот на натпреварувачите се врши од манифестацијата „Детски семафор“, која има своја долга традиција. Минатата година таа го одбележа својот 40-годишен јубилеј. Најпрвин селекцијата почнува во самите училишта, во кои се организираат училишни натпревари, потоа општински натпревари и на крајот е државниот натпревар, кој годинава се одржа во мај, во Гевгелија.

 
 

»Повеќе

АКТУЕЛНО

»Повеќе

»Повеќе

»Повеќе

3 Декември Извештај од одржан стручен собир “ПРИОРИТЕТНИ АКТИВНОСТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

»Повеќе

15 Ноември СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

»Повеќе

Одржан стручен собир “Средства и методи за наменско смирување на сообраќајот“

»Повеќе

Обединети нации и безбедноста на сообраќајот на патиштата, Септември 2009

»Повеќе

„Размена на иску- ства од работата на авто-школите во Р.М.” 11.03.2009, х. Белви, Скопје

»Повеќе

Одржано стручно советување на тема
“Шумски патишта - експлоатација, трансформација и еколошки аспекти“ , 18.02.2009, Скопје

»Повеќе

Одржана тркалезна маса на тема:
„Размена на иску- ства за работата на испитните центри во Р.М.”, 11.02.2009, Скопје

»Повеќе

Државeн квиз нат- превар: „Колку го познаваш сообраќа- јот“ – Кичево 2009

»Повеќе

Fifth meeting, Subco- mmittee on Trans- port, Environment, Energy and Regional Development, 21-22.02.2009, Skopje

»Повеќе

Case study - Good practice, 1.Workshop, Tirana, January 2009

»Повеќе

„Безбедно на мотор“ - Видео

»Повеќе

Одржана работилни- ца со претставници на медиумите за безбедноста на соо- браќајот на пати- штата

01/12/'08– »Повеќе

Одржано стручно советување на тема „Безбедност на пат- ниот сообраќај од аспект на плани- рање, проектирање и градба на пати- штата

13/11/'08– »Повеќе

На 12.10.2008 год. во Скопје се одржа третата Скутеријада

»Повеќе

ИЗВЕШТАЈ за
работата на РСБСП за првото полугодие од 2008 година

»Повеќе

Македонски ученици на подготовки за европски натпревар по безбедност (написи во дневните весници)

»Повеќе

PRESS CLIPPING - Државни натпревари и Запрежни коли

»Повеќе

Презентација - Национална програ- ма за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

»Повеќе

Совет на РСБСП во хотел „Фламинго“ - Гевгелија, 25.06.2008 година

»Повеќе

»Повеќе

Јубилеен 40-ти натпревар од обла- ста на сообраќајот “Детски семафор” и “Сообраќајно – тех- ничка култура кај младите”, Гевгелија 21-24 Мај 2008 год.

»Повеќе

31-st World Congress, Istanbul, 15-16 May 2008 Road Transport, Driving Peace and Prosperity

»Повеќе

Засилена кампања за поголема безбед- ност на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите во Мај и Октомври 2008 година

»Повеќе

Стручно советување: „Одржување на патиштата од аспект на безбедноста на сообраќајот“

»09/04/08– »Повеќе

Проектот “Колозов”, изведба на таетарски претстави за учениците од 1-во, 2-ро, 3-то и 4-то одделение

»Повеќе

Стручно советување и посета на делега- ција од Р.Словенија на РСБСП

»28/03/08– »Повеќе

Извештај „CESTE-2008“ Пореч, Република Хрватска

»Повеќе

БИЛТЕН - Државен квиз натпревар „Колку го познаваш сообраќајот“ одржан во Крушево од 1-3 Февруари 2008 година

»Повеќе

Извештај од одржа- ното стручно совету- вање во Клуб на пратеници на 18/12/'07

»21/12/07– »Повеќе