Вие сте тука

Подемот на учеството на жената како возач и како фактор за безбедонста на сообраќајот

      Автомобилите, воопшто, отсекогаш суштински биле сметани како хоби само за мажите, без место за жените. Но, тоа се менува со текот на времето. Во 20 години на ХХ век, кога една жена која живеела на фарма ја прашале, зoшто во нивното семејство почесто купуваат автомобили отколку што инсталираат водовод во нивниот дом, одговорот бил дека „не може да се оди во град со када“, иако со водоводот ќе му се даде предност на целото семејство, додека со возилото традиционално само на мажите.    

 Тоа не значи дека придонесот на жените не постоел, туку бил игнориран. Иако жените биле малцинство во светот на автомобилизмот, тие имале големо влијание врз возењето. Мажите често се обидувале да ги ограничат жените или да им забранат да станат возачи и често се потсмевале на нивната способност за возење, но тоа не спречило да се појават голем број жени возачи. Писателките Емили Пост и Едит Вартон биле познати личности кои иако биле жени, постигнале значаен придонес во автомобилизмот во Првата светска војна, како возачи на брза помош, на трамвај и на трактори. Во почетокот на ХХ век, жените често уживале некаков пристап до автомобилите на семејството. Иако за мажите се сметало дека треба да им се даде приоритет бидејќи тие биле единствените кои заработувале пари и се сметале како глава на семејството, некои жени не биле само патници, туку зависно од нивните партнери им било дозволувано да ги возат автомобилите наоколу. Жените можеле да ги возат автомобилите, но не да покажуваат интерес за нив.

  Како одговор на историските предрасуди, жените немале тенденција да покажуваат толку голем интерес за автомобилите, како мажите, тие ја избрале функционалноста над формата. За многу мажи, автомобилот е хоби колку што е средство за транспорт, додека за жените е едноставно, неопходност. Не би било фер и едноставно би било погрешно, ако кажеме дека жените не се заинтересирани за автомобилите на ист начин како мажите, знаејќи дека сите мажи се страсни љубители на aвтомобили.  

         Пред дваесетина години, жените - возачи кај нас можеа да се избројат на прсти. Последниве години, нивното присуство во сообраќајот е нормална појава и никој не посветува внимание дали зад управувачот се наоѓа жена или маж. Денес, сѐ повеќе гледаме жени во убави и скапи коли кои во ништо не се разликуваат од мажите - возачи. Надминати се предрасудите дека жена не може да вози добро, дека има проблем со возење во рикверц, или пак, со паркирање. Но, има нешто, по што се разликуваат жените - возачи, тие се многу повнимателни при возење, поодговорни се и повеќе се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи. Ретко може да се види жена која ги потценува последиците од пребрзото возење.

Бројот на незгодите кај мажите и кај жените нема значајна разлика ако се земе во предвид обемот на возење, но разликата е поголема во однос на почитување на сообраќајните правила бидејќи жените повеќе се придржуваат кон нив, отколку мажите. Ваквиот однос е забележан кај сите возрасни групи возачи. Статистички, мажите пропорционално повеќе учествуваат во незгоди отколку жените. Посебно во оние незгоди кои се од потешка природа.

         Според некои истражувања, пресметани се стапките на незгоди за секој пол посебно, каде односите се претставени како број на годишни незгоди на 1000 возачи за еден пол (машки или женски) и стапки на незгоди на 1000 возачи за километар. Оттаму произлегува дека кај мажите стапката на незгода е 16 до 18 СН на 1000 возачи, додека кај женските е од 4,3 до 7,22 СН на 1000 возачи, односно соодносот машки/женски е од 2,5 до 4,6.  Годишната стапка на незгоди за машки е околу 10 СН на 1000 возачи на 10000 пројдени километри, додека кај женките е од 4 до 5 СН на 1000 возачи  на 10000 км, односот машки/женски е од 2 до 2,42.

            Според експерименталните докази, помеѓу мажите и жените постојат разлики во некои способности и особини, а најочигледна е разликата во физичката моќност која е двапати послаба кај жените отколку кај мажите, или ако се прикажува во однос на телесната тежина, тој однос е 60% во корист на мажите. Мажите се поиздржливи и се подобри во однос на брзината на одговорот и во перцептивно - моторните задачи каде информациите се дадени преку инструментални покажувачи. Тие разлики не се менуваат со возраста. Од друга страна, жените се подобри во вештината на рацете, каде се потребни фини движења на прстите за задачи кај кои е потребна обработка на информациите преку симболички и семантички материјал. Општо познато е дека жените на сите возрасти побавно се обучуваат и потешко ги стекнуваат првите искуства во возењето.

 Кај мажите пак, се развиени особини кои се карактеристични за возачите кои почесто прават незгоди. При симулираното возење, пронајдено е дека тие возат блиску до средишната линија, возат побрзо и со поголема застапеност на користење на педалата за гас. Кај жените, пред сѐ карактеристични се поголемата внимателност и критичност во сообраќајот и побавното возење, а како резултат на тоа застапеноста на жените во тешки сообраќајни незгоди е значително помала. Жените повеќе ги почитуваат сообраќајните норми потребни за безбедно и правилно одвивање на сообраќајот. Исто така, постојат и други позитивни особини кои ги прават жените помалку склони кон незгоди, како на пример, помалку пијат, повеќе се осетливи и се помалку екстравертни. Поточно, ако се претпостави дека постои разлика меѓу мажите и жените во помалата склоност на жените кон возењето, тогаш таа им се препишува на разликите во особините, а помалку во способностите.

M-р. Мерита Мустафаи дипл.сооб.инженер - член на РСБСП

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2017 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media