Вие сте тука

Мобилен телефон VS возење

Оваа слика на сите ни е добро позната: мобилен телефон во рака, возачот гледа во него да прочита порака, две секунди.. три... и одеднаш животот се менува со ужасна сообраќајна незгода. Ваквите слики е тешко да се гледаат, а камо ли да се доживеат... следен пат кога ќе го слушнете звукот за нова порака, сетете се на овие 5 причини поради кои ќе одолеете да не одговорите:

  1. Можноста за сообраќајна незгода е 23 пати поголема доколку пишувате кога возите.
  2. Пишувањето порака ја намалува реакцијата за запирање на возилото за 18%, а ја зголемува можноста за предизвикување сообраќајна незгода за 6 пати.
  3. Пишување порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 km/h поминува 100 метри.
  4. Одвлеченото внимание е опасност и за возачите и за патниците, но и за пешаците, велосипедистите, моторциклистите.... безбедното тргање на погледот од патот трае само 2 секунди!
  5. Ако е итно и неодложно – запрете го возилото. Ова ќе ви одземе една минута, но ќе ви го спаси целиот живот.

Иако е тешко да се оддолее на предизвикот да одговорите на телефонски повик додека возите, сепак, пред да го направите тоа, размислете уште еднаш, дали вреди да го ризикувате животот тие неколку секунди и да доведете нечив живот во опасност или ќе почекате па ќе го направите тоа кога ќе имате вистинска можност. 

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2017 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media