Вие сте тука

„Македонија се сака на точак“ - Награден натпревар на РСБСП и АППТ

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) организираат награден натпревар “Македонија се сака на точак”.

Наградниот натпревар е со цел промоција на велосипедизмот и убавините на Република  Македонија, а право на учество имаат сите Facebook корисници кои се државјани на Македонија и над 13 годишна возраст.

Наградниот натпревар се одвива преку социјалната мрежа Facebook, каде треба да се прикачи фотографија со велосипед, која не е направена при управување на велосипедот, но е направена на територијата на Република Македонија каде во кадар се прикажани и убавините за земјава.

Истата може да се најде на следниот линк:

https://www.facebook.com/rsbspmk/app/1736499053305701/

Апликацијата е наменета за лична употреба и за учесниците се предвидени парични и друг тип на награди обезбедени од РСБСП и АППТ. Изборот за највисоката парична награда (во вредност од 30.000,00 денари) ќе биде наменета за најубавата фотографија избрана од жири комисија составена од 5 члена, додека парични награди од 18 000 ден, 12 000 ден и 6 000 ден ќе бидат доделени на фотографиите кои ќе освојат најголем број на гласови/лајкови.

Освен паричните награди ќе бидат доделени и 8 ваучери за бесплатно ноќевање за двајца во 8 хотели низ земјата.

Добитниците на наградите ќе бидат објавени седум дена по завршуваањето на наградниот натпревар, на денот на туризмот – 28-ми Септември 2016 година, а наградниот натпревар официјално ќе започне на 16-ти Јуни 2016 година.

Македонија, се сака на точак! Споделете ја Вашата авантура!

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2017 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media