Вие сте тука

Јавен повик „Безбедни млади возачи“

Почитувани средношколци,

во рамки на кампањата „Младост без лудост“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта и партнерите, организираат натпревар за познавање на сообраќајните правила и прописи, под мотото „Безбедни млади возачи“. 

Со цел да учествувате на јавниот повик за наградното натпреварување, на кое ќе се доделат 16 ваучери за полагање возачки испит, потребно е да ја пополните оваа апликација и да jа доставите на номинираниот координатор во Вашето училиште, Проф. (име презиме контакт телефон).

Право на учество имаат лицата од четврта година кои не поседуваат возачка дозвола.    ­­­­­

Општи податоци:

Презиме:      _________________________________________

Име: _______________________________________________

Контакт ( тел. или е-пошта) ________________________________

Училиште:   ________________________________________________

Град:             ________________________________________________

Општина:     _________________________________________________

 

Пријавените средношколци ќе добијат материјали кои ќе им бидат потребни за полагањето. Рокот за поднесување на апликацијата и нејзино доставување е до 5.5.2017 година. Пријавата се поднесува на следнава е-пошта: edukacija@rsbsp.org.mk

Наградите за најдобрите 16 средношколци ќе бидат:

  • 1  Ваучер за бесплатно полагање за „ Б-категорија“

  • 5  Ваучер за бесплатно полагање на „АМ Категорија“

  • 10 Ваучери со 50% попуст за „Б-категорија“

 

Ваучерите се со времетраење од една година, односно до мај 2018 година.

Финално тестирање и доделување ваучери ќе се одржи во АСУЦ „Боро Петрушевски“–Скопје. Тестирањето ќе го вршат претставници од МВР, Авто школите и РСБСП. Пријавените кандидати навремено ќе бидат информирани за начинот и времето на одржување на финалното тестирање.

Апликацијата и сите други прашања поврзани со натпреварот може да ги најдете на следнава е-пошта: edukacija@rsbsp.org.mk

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2017 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media