ИЗВЕШТАЈ
За работата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за првото полугодие од 2008 година

 

Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата , во изминатите шест месеци од годинава  работеше во согласност со законските овластувања и задачи предвидени со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и на реализација на Програмата за работа на Советот за 2008 година, со основна задача подигнување на степенот на безбедноста на сообраќајот на патиштата и подигнување на степенот на сообраќајната култура и свест на граѓаните на Република Македонија, пред се на децата и младите.


1. РСБСП на почетокот на годинава  отвори ВЕБ страна www.rsbsp.org.mk со цел поголема јавност во работата на.Со реализација на оваа задача Советот стана достапен и отворен за пошироката јавност во РМ и во Светот.


2. Од март оваа година РСБСП со цел да се подобрат условите за работа и да се зголеми ефикасноста во функционирање на Советот, како и да се реши проблемот со немање простор за одржување на седниците на Советот и него­вите Комисии, зеде под закуп простории во населба Кисела Вода на улица Ѓорѓи Димитров број 13 (зад економското училиште). Просториите се адапти­рани  во сала за состаноци за 30 луѓе и две Канцеларии, со што во целост се реши проблемот и се создадени добри услови за работа.


3. Советот набави и патничко моторно возило Фолсваген Пасат со што донекаде се ублажи проблемот за Службени патувања. Со ова ќе се зголеми подвижноста на Советот и можноста за почеста посета и соработка со ОСБСП во Државава.


4. Со цел подигање на сообраќајната култура на децата и познавање на прописите во сообраќајот, како и за нивно образование како учесници во сообраќајот, од 01.до 03.02.2008година,во Крушево се одржа Државен квиз нат­пре­вар Колку го познаваш сообраќајот. На натпреварот учествуваа победниците од одржаните натпревари во ОУ, Општините и 8 региони. Се натпреваруваа ученици од пето до осмо оделение 8 екипи победници од регионалните нат­превари.


5. Активностите за подигнување на сообраќајното образование на децата од предучилишните установи,основните и средните училишта беше постојана грижа на РСБСП.Во оваа насока се отпочна со реализација на проектот Теа­тарска представа за деца Сакам да знам  со театарот Колозов и Тетарот во Тетово. Согласно проектот планирани се 50  театарски представи на Македон­ски јазик и 20 представи на Албански јазик,  со деца од прво до четврто одделе­ние. Во пролетниот дел се реализираа 17 представи во Скопје и Тетово од кои 10 на Македонски и 7 на Албански. Активностите продолжуваат во есенскиот период.


6. Од 21. до 24.мај во Гевгелија се одржа Државните натпревари по соо­бра­ќај  Детски семафор и Соораќајно техничка култура на младите. Оваа година натпреварите се одржаа по 40 ти пат. Во натпреварите учествуваа 198 учесник од 33 екипи од 30 ОСБСП,од основните училишта  и 31 натпреварувач од 11 екипи од Средните училишта. Натпреварувачите се натпреваруваа во тестови за проверка на знаењето по сообраќај но и вешто возење со велосипед на полигон. Победниците ќе ја представуваат нашата држава на Европскиот натпрева кој оваа година во Септември ќе се одржи во Љубљана Р.Словенија.
За прв пат Средношколците кои се натпреваруваа со Велосипед со мотор воедно полагаа за возачка дозвола М категорија пред надлежна испитна комисија  и 9 натпреварувачи се стекнаа со оваа дозвола.


7. Имајќи ги во вид последиците од се почестото возење на велосипеди со мотор и мотори РСБСП 2008 година ја прогласи за година за заштита на овие возачи. Во функција на подигање на јавната свест се изготви и отпочна со реализација на проектот БЕЗБЕДНО НА МОТОР, во првата фаза се подготвија испечатија и поделија преку дневните весници 50.000 флаери со информации за родителита за законските норми за управување на велосипед со мотор и мотор.Во Втора фаза се испечатија 30.000 флаери за возачите на Велосипед со мотор со информации неопходни за секој возач и истите преку сообраќајната полиција ,авто школите,испитните центри.и средните училишта беа поделени. Во завршна фаза е подготовка на ЦД снимено за корисниците на велосипеди со мотор и мотор кое бесплатно ќе се дели при регистрација на моторите и при полагање за дозвола за управување со мотор.


8. Имајки во вид дека пешаците и велосипедистите се најмасовната категорија на учесници во сообраќајот кои воедно се најнедисциплинирани и најнезаштитени, РСБСП отпочна со акција во која се вклучи и сообраќајната полиција.


9. РСБСП го подржа проектот Размисли дали си безбеден возач кој го реализира­ше Сојузот на жени возачи а по повод 8-ми март.


10. Со цел професионално и постојано подигање на јавната свест на граѓаните за побезбеден сообраќај РСБСП во мај склучи  договор за ангажирање на Маркетинг агенција -Креатива Нова, која ќе ги осмислува и реализира проекти­те и акциите кои ќе ги реализира РСБСП и ќе се грижи за подигнување на јавната свест.


11. Во оваа насока Советот организираше и Советување со Медиумите на кои беа детектирани проблемите и потребите на медиумите за подобар пристап до информациите од областа на сообраќајот. Беа договорени активности кои ќе ги превземе РСБСП во оваа насока со цел заеднички да се делува во подигање на јавната свест на граѓаните за постигнување поголема безбедност во сообраќајот на патиштата. Советот брзо реагирање и една од одлуките е итно да се отвори веб-портал со содржина сообраќај, со кој ќе се овозможи транспа­рентна и итворена електронска комуникација со сите субјекти


12. РСБСП во почетокот на годината ја афирмираше потребата од изгот­вување на Национална програма за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2008-2013година.Советот донесе одлука за отпочнување на  овој многу значаен документ кој  е еден од приоритетите на ЕУ. Во насока на реали­зација на овој документ РСБСП донесе Одлука за отварање на подсметка наменета за прибирање на неопходните финансиски средства за вклучување на домашни и стански експерти од областа на соораќајот на патиштата.Советот го прифати концептот за изработка на Националната програма, работните групи како и централното координативно тело.


13. РСБСП во првите шест месеци подржа повеќе проекти во насока на примена на научните достигнувања. Во оваа насока на 9 ти Април во Скопје во организација на РСБСП се одржа Стручно советување Одржување на патиштата од аспект на безбедноста на сообраќајот на патиштата. На советувањето зедоа учество Професори од Градежен факултет, Македонија  пат, Министерство за транспорт и врскии други заинтересирани институции и органи. Заклучоците од овој собир се многу значајни за изготвувањето на Националната Програма.


14. Делегација на Република Словенија составена од 45 луѓе на 28.03. 2008 беа во посета на РСБСП.За таа цел РСБСП организира советување во Хотел „БЕЛВИ„ во Скопје на кое што беа презентирани достигнувања во делот на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Република Македонија, како и актуелните проблеми со кои се соочуваме,но ги слушнавме и нивните актив­ности и проблеми во реализација на поставените задачи.


15. Заради подготовка на Националната програма за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, претставници на РСБСП во изминативе месеци беа присутни на повеќе меѓународни конгреси, советувања и стручни семинари. Во текот на Март представници на РСБСП учествуваа на 32-от стручен семинар  за сигнализација, опрема, обнова и одржување на патиш­тата и безбедноста во сообраќајот во Пореч Р.Хрватска. Исто така прет­ста­в­ници на РСБСП учествуваа и на конгресите за безбедност во сообраќајот во Брисел, Детроит и Истамбул.


16. РСБСП во овој период подржа и неколку проекти со кои ќе се подобри безбедноста во сообраќајот и тоа,
- набавка на Светлосни сообраќајни уреди и тоа 100 одбројувачи на време, 60 светлосни предупредувачи за пешачки премини, како и 40 звучни сигнални  уреди за слабовиди и слепи лица.
- за потребите на МВР Советот набави 200 рефлектирачки елеци и 200 свет­лосни стоп палки.
- РСБСП одвои средства и за подршка на Велосипедска патека која е кофи­нансирана и од Амбасадата на Велика Британија и Град Скопје, со набавка на велосипедски семафори.
- РСБСП го подржа и проектот од Штуловиот Универзитет- Студија за влија­нието на моторните возила во загадување на воздухот во Тетово.
- советот го иницираше прашањето со запрежните возила и иницираше пред надлежните органи примена на законските овластувања и одговорности.
- советот исто така го подржа и проектот за селективна употреба на запалените светла.
- согледувајки дека постои потреба за прилагодување кон територијалната поделба на Град Скопје и обврските и задачите на општините, како и заради подобрување на активноста на повисоко ниво, РСБСП одлучи во секоја од осумте општини во Скопје да формира општиински совети за безбедност на собраќајот  кои ќе функционираат како општински тела согласно ЗБС


Изготвил                                                       
Љупчо Ставрески                                           

Претседател на РСБСП
М-р Никола  Ангеловски                                                         

»Повеќе

АКТУЕЛНО

»Повеќе

»Повеќе

»Повеќе

3 Декември Извештај од одржан стручен собир “ПРИОРИТЕТНИ АКТИВНОСТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

»Повеќе

15 Ноември СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

»Повеќе

Одржан стручен собир “Средства и методи за наменско смирување на сообраќајот“

»Повеќе

Обединети нации и безбедноста на сообраќајот на патиштата, Септември 2009

»Повеќе

„Размена на иску- ства од работата на авто-школите во Р.М.” 11.03.2009, х. Белви, Скопје

»Повеќе

Одржано стручно советување на тема
“Шумски патишта - експлоатација, трансформација и еколошки аспекти“ , 18.02.2009, Скопје

»Повеќе

Одржана тркалезна маса на тема:
„Размена на иску- ства за работата на испитните центри во Р.М.”, 11.02.2009, Скопје

»Повеќе

Државeн квиз нат- превар: „Колку го познаваш сообраќа- јот“ – Кичево 2009

»Повеќе

Fifth meeting, Subco- mmittee on Trans- port, Environment, Energy and Regional Development, 21-22.02.2009, Skopje

»Повеќе

Case study - Good practice, 1.Workshop, Tirana, January 2009

»Повеќе

„Безбедно на мотор“ - Видео

»Повеќе

Одржана работилни- ца со претставници на медиумите за безбедноста на соо- браќајот на пати- штата

01/12/'08– »Повеќе

Одржано стручно советување на тема „Безбедност на пат- ниот сообраќај од аспект на плани- рање, проектирање и градба на пати- штата

13/11/'08– »Повеќе

На 12.10.2008 год. во Скопје се одржа третата Скутеријада

»Повеќе

ИЗВЕШТАЈ за
работата на РСБСП за првото полугодие од 2008 година

»Повеќе

Македонски ученици на подготовки за европски натпревар по безбедност (написи во дневните весници)

»Повеќе

PRESS CLIPPING - Државни натпревари и Запрежни коли

»Повеќе

Презентација - Национална програ- ма за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

»Повеќе

Совет на РСБСП во хотел „Фламинго“ - Гевгелија, 25.06.2008 година

»Повеќе

»Повеќе

Јубилеен 40-ти натпревар од обла- ста на сообраќајот “Детски семафор” и “Сообраќајно – тех- ничка култура кај младите”, Гевгелија 21-24 Мај 2008 год.

»Повеќе

31-st World Congress, Istanbul, 15-16 May 2008 Road Transport, Driving Peace and Prosperity

»Повеќе

Засилена кампања за поголема безбед- ност на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите во Мај и Октомври 2008 година

»Повеќе

Стручно советување: „Одржување на патиштата од аспект на безбедноста на сообраќајот“

»09/04/08– »Повеќе

Проектот “Колозов”, изведба на таетарски претстави за учениците од 1-во, 2-ро, 3-то и 4-то одделение

»Повеќе

Стручно советување и посета на делега- ција од Р.Словенија на РСБСП

»28/03/08– »Повеќе

Извештај „CESTE-2008“ Пореч, Република Хрватска

»Повеќе

БИЛТЕН - Државен квиз натпревар „Колку го познаваш сообраќајот“ одржан во Крушево од 1-3 Февруари 2008 година

»Повеќе

Извештај од одржа- ното стручно совету- вање во Клуб на пратеници на 18/12/'07

»21/12/07– »Повеќе