Јубилеен 40-ти натпревар од областа на сообраќајот “Детски семафор” и “Сообраќајно – техничка култура кај младите”
Гевгелија 21-24 Мај 2008 година
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Р.М. од 21 до 24 мај 2008 година, во Гевгелија, ги реализираше Традиционалните натпревари од областа на сообраќајот, “Детски семафор” и “Сообраќајно – техничка култура кај младите” и тоа оваа година по јубилеен 40-ти пат. Овие натпревари се спроведуваат со цел сообраќајно образование и воспитување на децата и младите, како и поради подигнување на степенот на сообраќајно-техничката култура кај истите. Оваа активност е една од најголемите акции во Македонија со која преку натпревари се врши сообраќајно – техничка едукација на децата. Натпреварите се одвиваат на неколку нивоа, и тоа како училишен, регионален и државен натпревар.
На отварањето настанот го поздравија градоначалникот на Гевгелија, г-дин Драги Делев, Помошник на Директорот на Бирото за јавна безбедност, г-дин Љубомир Ѓурчевски и Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, г-дин Никола Ангеловски.
„Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секојдневно се обидува да дејствува на повеќе полиња и речиси од секој аспект да ја опфати безбедноста во сообраќајот.
Нашите активности се насочени првенствено кон најмладите, затоа што сметаме дека позитивните навики треба да се развиваат од најраната младост. На овој начин, преку игра и забава, децата ги совладуваат сообраќајните правила и прописи и оттаму сообраќајната култура ненаметливо станува дел од нивното секојдневие.
Во рамките на програмата за работа на Советот значајно место имаат и проблемите поврзани со патиштата и нивната сообраќајно техничка уреденост, техничката исправност на моторните возила и приклучните возила како едни од најзначајните објективни услови за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот.“ – посочи Претседателот во своето обраќање пред да ги прогласи игрите за отворени.
На натпреварите учествуваа 234 деца од цела Македонија и се натпреваруваа во теоретски и практичен дел. Новина оваа година е што учесниците на “Сообраќајно-техничка култура на младите” кои ги положија тестовите и практичниот дел добија возачки дозволи “М” категорија.
Победниците од Државниот натпревар “Детски семафор” кои ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот натпревар во Љубљана, Словенија во септември оваа година се победниците од Мала група: Елиса Скоко од Кисела Вода, Скопје, Драгана Поповска од Кичево, Михаил Стојановски од Гази Баба, Скопје и Иван Тренчевски од Делчево.
![]() |
![]() |
|
| » БИЛТЕН од државниот натпревар по сообраќај “Детски семафор” и “Сообраќајно техничка култура на младите”, ГЕВГЕЛИЈА 2008 (PDF 282KB) | ||
![]() |
![]() |
АКТУЕЛНО
3 Декември Извештај од одржан стручен собир “ПРИОРИТЕТНИ АКТИВНОСТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“
15 Ноември СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ
Одржан стручен собир “Средства и методи за наменско смирување на сообраќајот“
Обединети нации и безбедноста на сообраќајот на патиштата, Септември 2009
„Размена на иску- ства од работата на авто-школите во Р.М.” 11.03.2009, х. Белви, Скопје
Одржано стручно советување на тема
“Шумски патишта - експлоатација, трансформација и еколошки аспекти“ , 18.02.2009, Скопје
Одржана тркалезна маса на тема:
„Размена на иску- ства за работата на испитните центри во Р.М.”, 11.02.2009, Скопје
Државeн квиз нат- превар: „Колку го познаваш сообраќа- јот“ – Кичево 2009
Fifth meeting, Subco- mmittee on Trans- port, Environment, Energy and Regional Development, 21-22.02.2009, Skopje
Case study - Good practice, 1.Workshop, Tirana, January 2009
Одржана работилни- ца со претставници на медиумите за безбедноста на соо- браќајот на пати- штата
01/12/'08– »Повеќе
Одржано стручно советување на тема „Безбедност на пат- ниот сообраќај од аспект на плани- рање, проектирање и градба на пати- штата”
13/11/'08– »Повеќе
На 12.10.2008 год. во Скопје се одржа третата Скутеријада
ИЗВЕШТАЈ за
работата на РСБСП за првото полугодие од 2008 година
Македонски ученици на подготовки за европски натпревар по безбедност (написи во дневните весници)
PRESS CLIPPING - Државни натпревари и Запрежни коли
Презентација - Национална програ- ма за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
Совет на РСБСП во хотел „Фламинго“ - Гевгелија, 25.06.2008 година
Јубилеен 40-ти натпревар од обла- ста на сообраќајот “Детски семафор” и “Сообраќајно – тех- ничка култура кај младите”, Гевгелија 21-24 Мај 2008 год.
31-st World Congress, Istanbul, 15-16 May 2008 Road Transport, Driving Peace and Prosperity
Засилена кампања за поголема безбед- ност на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите во Мај и Октомври 2008 година
Стручно советување: „Одржување на патиштата од аспект на безбедноста на сообраќајот“
»09/04/08– »Повеќе
Проектот “Колозов”, изведба на таетарски претстави за учениците од 1-во, 2-ро, 3-то и 4-то одделение
Стручно советување и посета на делега- ција од Р.Словенија на РСБСП
»28/03/08– »Повеќе
Извештај „CESTE-2008“ Пореч, Република Хрватска
БИЛТЕН - Државен квиз натпревар „Колку го познаваш сообраќајот“ одржан во Крушево од 1-3 Февруари 2008 година
Извештај од одржа- ното стручно совету- вање во Клуб на пратеници на 18/12/'07
»21/12/07– »Повеќе














