Вие сте тука

Брзо возење

Брзото возење е асоцијација кај младите за адреналин, возбуда и авантура. Но, брзото возење е екстремно опасно и може да ве чини живот. Пред да се впуштите во авантурата наречена брзо возење и пред да бидете примамени да нагазите на педалата за гас, размислете за следниве неколку работи:

  1. Силата на ударот на возило со брзина од 100 км/ч e еднаква на силата со кое ќе удри возилото при пад од зграда од 12 спрат.
  2. Математички пресметано, силата на ударот се зголемува прогресивно со брзината. Со брзина од 60 км/ч, силата на ударот е голема. На 80 км/ч, силата на ударот е четири пати поголема, а на 120км/ч таа е ДЕВЕТ ПАТИ поголема отколку на 60км/ч.
  3. Кај еден просечен возач, со секое зголемување на брзината за 1%, ризикот  за незгода се зголемува за 2%, веројатноста  за сериозни повреди се зголемува за 3%, а веројатноста за фатален крај се зголемува за околу 4%.
  4. Разликата во брзината со некој километар на час, е всушност  разлика помеѓу лесна и тешка повреда, разлика меѓу живот и смрт.
  5. Брзото возење и последиците од него ќе ве следат целиот живот. Трајни физички последици, или трајни лузни од грижата на совест дека сте одземале нечив живот.

Возете одговорно, возете безбедно, поставете си граница и почитувајте ги ограничувањата на брзината.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2017 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media