Вие сте тука

Алкохол VS возење

Управување моторно возило под дејство на алкохол е една од водечките причини за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици во Република Македонија и во светот. Сите оние кои сметаат дека е „океј“ да имаат испиено неколку пијачки пред да седнат зад воланот ги потсетуваме дека вреди да се размисли пред да направат нешто непромислено бидејќи утрешниот ден носи нешто ново и поубаво. Пред да посегнете по чашката, сетете се на овие факти за алкохолот и возењето:

  1. Алкохолот ги намалува возачките вештини: ги нарушува моторните способности, ја намалува визуелната острина, ја искривува сликата за околината и го нарушува слухот.
  2. Алкохолот делува како депресант на централниот нервен систем. Тоа може значително да ја наруши навремената реакција и рационалното пресудување во одредена ситуација.
  3. Алкохолот може да предизвика сообраќаjни и други незгоди со смртни последици. Бројот на повредени лица кои биле под дејство на алкохол, во 2016 година изнесува 479, а бројот на загинати лица изнесува 14!
  4. Алкохолот ве прави агресивни во сообраќајот.
  5. Алкохолот предизвикува грижа на совест, ако поради него настрада невина жртва. Во сообраќајот не сте сами, имајте го тоа на ум!

Помислата „вчера пиев и возев и пак стигнав безбедно дома“ заборавете ја! Не стигнавте безбедно дома, само имавте среќа да стигнете дома!

Возете одговорно и останете безбедни во сообраќајот.

1.3 милиони луѓе годишно го губат животот во сообраќајни незгоди.

Размисли уште еднаш!

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2017 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media