Презентирани трудови на стручниот собир

ОПАСНИ МЕСТА (ЦРНИ ТОЧКИ) НА ПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
21 јуни 2010, Скопје, Скопски саем

 

1. м-р Никола Ангеловски, претседателот на РСБСП
ОПАСНИ МЕСТА  НА ПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НИВНА ОПФАТЕНОСТ ВО НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

2. м-р Гордана Јанкулоска, Министер за внатрешни работи
Опасните места на патот (црни точки) и активностите на МВР во врска со унапредувањето на безбедноста на сообраќајот

3. Иван Молнар,  Јосип Бошњак (Р. Хрватска)
Санирање на опасните места во функција на безбедноста на сообраќајот на патиштата

4. проф.д-р Миле Димитровски, Комисија за наука РСБСП
Зошто постојат црни точки на патиштата и предлог методологија за ИДЕНТИФИКАЦИЈА на опасните места на патиштата

5. проф. д-р Зоран Шапуриќ, Комисија за наука РСБСП
ПРАВНА РЕГУЛАТИВА ПОВРЗАНА СО ЦРНИТЕ ТОЧКИ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

6. Кузман Дамчевски, Комисија за наука РСБСП
МЕТОДИ ЗА ДЕТЕКТИРАЊЕ НА ЦРНИ ТОЧКИ И МАПИРАЊЕ НА ОПАСНИТЕ МЕСТА ВО  Р.М.

7. дипл.сообр.инж. Наум Симјановски, Комисија за наука РСБСП
АНАЛИЗА НА ПАТЕН ПРАВЕЦ М5 (Делница Прилеп - Битола, Прилеп – Градско) СО  ДЕТЕКТИРАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ ЦРНИ ТОЧКИ

8. дипл.сообр.инж. Бети Јанкоска,  дипл.сообр.инж Слободан Димитровски, Фантор
АНАЛИЗА НА ОПАСНИ МЕСТА – ЦРНИ ТОЧКИ НА ДЕЛНИЦА НА ПАТОТ Велес - Овче Поле

9. дипл.сообр.инж. Слободан Димитровски, Фантор, дипл.сообр.инж. Бети Јанкоска,
ПОТЕНЦИЈАЛНИ ОПАСНИ МЕСТА – ЦРНИ ТОЧКИ НА ОБИКОЛНИЦА СКОПЈЕ

10. м-р Јован Христовски, дипл.сообр.инж.
КРСТОСНИЦИ СО КРУЖЕН ТЕК НА СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ КАКО РЕШЕНИЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОПАСНИ МЕСТА – ЦРНИ ТОЧКИ

11. доц.д-р Вулнет Палоши, ДУТ, асс.м-р Горан Мијоски, УГД
КОЛОТРАЗИТЕ И АКВАПЛАНИНГОТ КАКО ЦРНИ ДЕЛНИЦИ НА ПАТИШТАТА

12. дипл.сообр.инж. Даниел Павлески
ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ ЗА АНАЛИЗА НА СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ И ОПАСНИ МЕСТА

13. Нико Дулевски, Омерфејзи Билали, Сабедин Рамадан, Соња Георгиевска, општина Чаир
ОПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПОЗИТИВНИТЕ И НЕГАТИВНИТЕ ИСКУСТВА НА СООБРАЌАЈНИТЕ РЕШЕНИЈА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЧАИР


14. проф. д-р Борис Мурговски, асистент м-р Никола Дујовски
ОПОТРЕБА ОД ИДЕНТИФИКАЦИЈА И МЕРКИ ЗА САНАЦИЈА НА ОПАСНИТЕ МЕСТА Т.Н. ЦРНИ ТОЧКИ  ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

 
 

 
 
Правилник за сообрраќајно техничка култура на младите
(PDF 1500 KB)
 
 

 
 
Правилник Детски семафор
(PDF 1500 KB)
 
 

 
 

2

3

4

5

РСБСП додели плакета за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во 2009 година на Претседателот на Собранието на Р.М. г-дин Трајко Вељаноски

 

На 9 април 2010 година делегација на РСБСП во состав м-р Никола Ангеловски, Претседател на РСБСП, г-дин Љупчо Ставрески, Секретар на РСБСП, проф. д-р Миле Димитровски, Претседател на Комисијата за наука во РСБСП и г-дин Слободан Атанасов, Претседател на Комисијата за финансирање на РСБСП, беше примена од Претседателот на Собранието г-дин Трајко Вељаноски.
На средбата, претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, г. Никола Ангеловски, на претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, му додели Плакета во знак на соработка и посебни заслуги во унапредувањето на работата на Републичкиот совет и воопшто јакнење на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Во своето обраќање, претседателот на Републичкиот совет истакна дека Плакетата на претседателот Вељаноски му се доделува поради неговата лична поддршка, но и како претседател на Собранието во усвојувањето на Националната стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

 
 

 
 

2

2

2

2

РСБСП додели плакета за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во 2009 година на Министерката за внатрешни работи на Р.М. г-ца Гордана Јанкулоска

На 15 март во просториите на РСБСП беше организирано свечено доделување на плакета на Министерката за внатрешни работи на Р.М., г-ца Гордана Јанкуловска.
Иницијативата произлезе од исклучителната соработка при големиот број успешно спроведени активности во текот на 2009 година од страна на РСБСП во насока на подобрување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Единствената заложба на Советот е да работи на подобрување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и на подигање на сообраќајната култура воопшто на сите учесници во сообраќајот. Со донесувањето на Националната стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2009 – 2014 година започна првиот координиран мултисекторски пристап кон намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и последиците од нив во Македонија.
Генераното Собрание на Обединетите Нации прогласи Декада за Акција за безбедност на патиштата од 2011 до 2020, период во кој ќе бидат интензивирани напорите на национално и на глобално ниво за намалување на растечкиот тренд на смртност и повреди од сообраќајни незгоди во светот.

 
 

 
 

2

РСБСП додели плакети за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во 2009 година на Вип оператор и на сопственикот на А1 телевизија, г-дин Велија Рамковски

На 10 март на пригодна свеченост плакети им беа доделени на Вип оператор и на Велија Рамковски, сопственикот на A1 телевизија кои се вклучија во реализацијата на дел од кампањите на РСБСП и со тоа придонесоа за  побезбедно одвивање на сообраќајот и намалување на жртвите и последиците од сообраќајни незгоди.
Во текот на 2009 година, Советот продолжи со реализација на низа активности спроведувајќи ги мерките предвидени во Националната стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2009 – 2014, како стручно иследување на проблемите во областа на безбедно одвивање на сообраќајот, информирање на јавноста, едукација на учесниците во сообраќајот исто така реализираше кампањи за подигање на јавната свест за безбедно одвивање на сообраќајот и намалување на последиците од сообраќајни незгоди.
Овие реномирани компании го користат својот успех за поддршка на проекти и активности кои се за општо добро на сите граѓани на Македонија. РСБСП смета дека општествената одговорност на овие компании треба сите да биде поздравена за да се поттикнат и останатите во иднина да се приклучат кон проекти кои се од заеднички интерес.


 
 

 
  Обединетите нации прогласија Декадата за Акција за безбедност на патиштата

На 02 март 2010 година, Генераното Собрание на Обединетите Нации периодот од 2011 до 2020 го прогласи за Декадата за Акција за безбедност на патиштата за да се поттикнат напорите на национално и глобално ниво за за да се запре и да се намали растечкиот тренд на смртност и повреди од сообраќајни незгоди во светот. Генералното Собрание побара Светската здравствена организација во соработка со останатите партнери да подготви акционен план за спроведување на декадата. Предлогот за прогласување на Декада за акција за безбедност на патиштата беше доставен на Првата глобална министерска конференција за безбедност на патиштата што се одржа во ноември 2009 во Москва. Податоците покажуваат дека годишно во светот гинат 1.3 милиони луѓе како последица на сообраќајни незгоди. Половина од нив се пешаци, велосипедисти и моторциклисти или, како што потенцираше д-р Етјен Круг од Светската здравствена организација, “група на учесници во сообраќајот посебно изложена на опасност - луѓе кои многу често не се во можност да си дозволат да имаат автомобил, но се жртви на сообраќајни незгоди“. Дополнително на таа бројка помеѓу 20 и 50 милиони луѓе годишно се повредени. Сообраќајните незгоди се водечка причина за смртност на младите луѓе на возраст помеѓу 15 и 44 години. Според Глобалниот извештај за состојбата на безбедноста на патиштата од јуни 2009 година, повредите од сообраќајни незгоди остануваат значаен проблем на јавното здравје, особено во земјите со низок и среден приход. Според извештајот, само 15 проценти од државите имаат соодветна законска регулатива за адресирање на некои од клучните фактори на ризик, меѓу кои се возењето под дејство на алкохол, пречекорување на дозволената брзина, и неупотреба на опрема за пасивна безбедност (сигурносни појаси, кациги). Со Декадата за Акција за безбедност на патиштата треба да се поттикнат националните и меѓународните институции и организации да ги зголемат активностите за постигнување на безбедност на патиштата како подобрување на патната инфраструктура, безбедноста на возилата, однесувањето на учесниците во сообраќајот и интервенцијата непосредно по сообраќајна незгода. Владата на Република Македонија со писмо ја поддржа Московската декларација и Декадата за Акција за безбедност на патиштата.

link to pdf (PDF)
 
 

 
   
     
 
Get the Flash Player to see this player.

 
 
Get the Flash Player to see this player.

 
     
 
 
 

»Повеќе

АКТУЕЛНО

»Повеќе

3 Декември Извештај од одржан стручен собир “ПРИОРИТЕТНИ АКТИВНОСТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

»Повеќе

15 Ноември СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

»Повеќе

Одржан стручен собир “Средства и методи за наменско смирување на сообраќајот“

»Повеќе

Обединети нации и безбедноста на сообраќајот на патиштата, Септември 2009

»Повеќе

„Размена на иску- ства од работата на авто-школите во Р.М.” 11.03.2009, х. Белви, Скопје

»Повеќе

Одржано стручно советување на тема
“Шумски патишта - експлоатација, трансформација и еколошки аспекти“ , 18.02.2009, Скопје

»Повеќе

Одржана тркалезна маса на тема:
„Размена на иску- ства за работата на испитните центри во Р.М.”, 11.02.2009, Скопје

»Повеќе

Државeн квиз нат- превар: „Колку го познаваш сообраќа- јот“ – Кичево 2009

»Повеќе

Fifth meeting, Subco- mmittee on Trans- port, Environment, Energy and Regional Development, 21-22.02.2009, Skopje

»Повеќе

Case study - Good practice, 1.Workshop, Tirana, January 2009

»Повеќе

„Безбедно на мотор“ - Видео

»Повеќе

Одржана работилни- ца со претставници на медиумите за безбедноста на соо- браќајот на пати- штата

01/12/'08– »Повеќе

Одржано стручно советување на тема „Безбедност на пат- ниот сообраќај од аспект на плани- рање, проектирање и градба на пати- штата

13/11/'08– »Повеќе

На 12.10.2008 год. во Скопје се одржа третата Скутеријада

»Повеќе

ИЗВЕШТАЈ за
работата на РСБСП за првото полугодие од 2008 година

»Повеќе

Македонски ученици на подготовки за европски натпревар по безбедност (написи во дневните весници)

»Повеќе

PRESS CLIPPING - Државни натпревари и Запрежни коли

»Повеќе

Презентација - Национална програ- ма за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

»Повеќе

Совет на РСБСП во хотел „Фламинго“ - Гевгелија, 25.06.2008 година

»Повеќе

»Повеќе

Јубилеен 40-ти натпревар од обла- ста на сообраќајот “Детски семафор” и “Сообраќајно – тех- ничка култура кај младите”, Гевгелија 21-24 Мај 2008 год.

»Повеќе

31-st World Congress, Istanbul, 15-16 May 2008 Road Transport, Driving Peace and Prosperity

»Повеќе

Засилена кампања за поголема безбед- ност на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите во Мај и Октомври 2008 година

»Повеќе

Стручно советување: „Одржување на патиштата од аспект на безбедноста на сообраќајот“

»09/04/08– »Повеќе

Проектот “Колозов”, изведба на таетарски претстави за учениците од 1-во, 2-ро, 3-то и 4-то одделение

»Повеќе

Стручно советување и посета на делега- ција од Р.Словенија на РСБСП

»28/03/08– »Повеќе

Извештај „CESTE-2008“ Пореч, Република Хрватска

»Повеќе

БИЛТЕН - Државен квиз натпревар „Колку го познаваш сообраќајот“ одржан во Крушево од 1-3 Февруари 2008 година

»Повеќе

Извештај од одржа- ното стручно совету- вање во Клуб на пратеници на 18/12/'07

»21/12/07– »Повеќе